Николоски: Се распрсна лагата на владата дека ја имаат поддршката од меѓународната заедница, криминалот и корупцијата цветаат

Николоски-Се-распрсна-лагата-на-владата-дека-ја-имаат-поддршката.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Извештајот на Европската комисија не е ништо различно од тоа што ние го живееме секој ден и уште помалку различно од тоа што ВМРО-ДПМНЕ го зборува со години, бидејќи основната карактеристика на оваа влада на СДСМ и ДУИ е дека корупцијата цвета, а економијата тоне. И тоа е тажната реалност во која што ние живееме, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешната дебата насловена „Извештајот на ЕУ за Македонија – Одраз на реалноста“ во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.


Николоски потенцираше дека Европската комисија во извештајот нотира немање на владеење на правото, високиот степен на корупција како и злоупотреба на процедурите.

„Со Извештајот од Европската комисија како меур од сапуница се распрснала лагата на владата на СДСМ и ДУИ дека имаат поддршка од меѓународната заедница. Им се распрсна како меур од сапуница нивната приказна која ја говореа континуирано години наназад, а тоа е дека ја имаат меѓународната поддршка, дека Европската унија само што не ја примила Македонија, дека да не се лошите од ВМРО-ДПМНЕ, Македонија ќе оди со полна пареа напред. И сега кога се удираат во ѕид, кога сите сфаќаат дека она кое што го зборуваме со години е вистина а тоа е дека причината поради која Македонија не почнува преговори со ЕУ, најмалку е Бугарија“, кажа Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека основната причина зошто Македонија не почнува преговори со ЕУ не е Бугарија, туку затоа што нема битка со организираниот криминал и високата корупција.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK