(Видео) Ескалација на протестите во Тирана: Запалена влезната врата на Министерството за животна средина

Насилни инциденти избувнаа на протестите во центарот на Тирана, каде демонстранти ја запалија влезната врата на Министерството за животна средина, а полицијата употреби големи количества солзавец за да ги растера насобраните на плоштадот „Скендербег“, јавуваат албанските медиуми. Пожарот на влезот на министерството бил изгаснат по кратко време, но пламен бил забележан и на прозорец од […]
Пентагон објави нови досиеја за НЛО: црн триаголник, мистериозни радарски сигнали и чудни суштества во Јута

Пентагон објави седма серија декласифицирани документи за неидентификувани аномални појави, познати како НЛО. Меѓу 28-те нови документи има извештаи за црн триаголен објект над чувствителна локација во САД, необичен радарски контакт на бомбардер Б-52, стари набљудувања во близина на Калифорнија и необични истражувања на ранч во Јута. Белата куќа ја најави новата објава со пораката […]
(Видео) Автогол каков што не сте виделе – Челзи на колена пред Тотенхем

Градското дерби, во осмото коло на „Стенфорд Бриџ“, меѓу Челзи и Тотенхем заврши со триумф на гостите 0:2. Челзи го запиша третиот пораз во сезоната, додека Тотенхем по лошиот старт, беа без победа во првите шест рунди, ја забележа и втората победа. Долго време се чинеше дека нема да има поголеми возбудувања, како и дека […]
Тешко повреден демонстрант во Тулуз, му биле откинати неколку прсти при експлозија

Еден демонстрант се здобил со тешка повреда на десната рака за време на судирите со полицијата на крајот од денешните протести во францускиот град Тулуз, потврдија регионалните власти за АФП. Инцидентот се случил додека демонстрантите се разотстранувале од населбата Ле Арен, западно од центарот на градот. Новинарите на АФП забележале како пожарникари го евакуираат повредениот. […]
(Видео) Наполи водеше три пати и не успеа да ја победи Рома

Фудбалерите на Наполи и Рома одиграа нерешено 3:3 во возбудливото дерби од осмото коло на Серија А. Домашниот тим испушти предност од два гола, а потоа повторно поведе, но Леонардо Балерди ја спаси серијата без пораз на Римјаните. Наполи поведе во 28-та минута преку Андреа Франко Замбо Ангиса, а водството го дуплираше Скот МекТомини на […]
(Видео) Немири во Париз по протестите, маскирани лица кршеа излози на автосалон

Немири избувнаа во Париз на крајот од денешните протести, кога групи маскирани млади лица почнаа да кршат излози на автосалони на авенијата Кур де Венсен, јавува Би-Би-Си. Интервентната полиција со палки се обидувала да ги растера групите, а на улиците биле употребени и водени топови и солзавец, поради што воздухот бил исполнет со густ чад. […]
Американските разузнавачи предупредуваат за планови на Иран за напади врз американски дипломати

Американските разузнавачки служби проценуваат дека Иран значително ги интензивирал подготовките за напади врз американски дипломати и функционери на Блискиот Исток, но и надвор од регионот. Според меморандум испратен до американскиот државен секретар Марко Рубио, плановите за смртоносни напади се во „напредна фаза“, објави „Аксиос“. Поради зголемените безбедносни ризици, Стејт департментот ја намалува бројноста на персоналот […]
(Фото) Есен во Скопје

Скопје во есенско руво, со пејзажи обоени во жолти, портокалови и црвени нијанси, е во фокусот на објавата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на социјалните мрежи. Преку фотографии од централното градско подрачје, плоштадот и Градскиот парк, Ѓорѓиевски ја долови есенската атмосфера во главниот град. „Во боите на есента, Скопје блеска со сета своја убавина!“, напиша Ѓорѓиевски. […]
(Видео) Украински дронови погодија петрохемиска фабрика во Омск, избувна голем пожар

Украински дронови во саботата нападнале петрохемиска фабрика во рускиот град Омск, предизвикувајќи голем пожар во индустрискиот комплекс, објави „Украинска правда“. Постројката се наоѓа на околу 2.500 километри од украинската граница. Снимка од нападот објави украинската ОСИНТ-заедница „Ексиленова плус“, а инцидентот го потврдил и гувернерот на Омската област, Виталиј Хоценко. Според првичните информации на воените аналитичари, […]
