Зошто треба да внимаваме на нивото на витамин Д во организмот?


Витаминот Д ја има една од клучните улоги во човечкиот организам. Учествува во многу процеси а неговата примарна функција е поврзана со одржување на здравјето на коските и забите, го зајакнува имуниот систем, ја стимулира работата на мозокот и на нервниот систем, го регулира нивото на инсулин и помага за регулирање на дијабетесот. Покрај тоа, уште е и поддршка на функцијата на белите дробови и кардиоваскуларното здравје а штити и од развој на карцином.

По природен пат, во организмот се создава во сончеви денови односно кога телото е изложено на директна сончева светлина. Се апсорбира преку кожата и се метаболизира во црниот дроб и бубрезите во активна форма – витамин Д3. Витаминот Д3 се врзува на јадрениот рецептор за витамин Д присутен во повеќе ткива и органи и со тоа ја остварува својата биолошка функција.

Денешниот модерен начин на живот и промените во навиките, кога поголем дел од денот го минуваме во затворени простории, со мала изложеност на сонце, доведува до дефицит на витамин Д. На тоа се надоврзува и отсуството на витамин Д во повеќето видови храна што ја консумираме.

Дефицитот на витамин Д е многу присутен. Дури 40-60 проценти од возрасните Европејци страдаат од недостаток на овој важен витамин, што доведува до нарушување на здравјето. Со стареењето дефицитот на витаминот Д има тенденција да се продлабочува. Резултатите од бројни објавени студии кои ја истражуваат функцијата на витаминот Д, препорачаните дневни дози и посакуваните нивоа во организмот, водат до недвосмислени заклучоци за неговата важност.

Студиите покажуваат дека популацијата во сончевите земји како Шпанија и Италија, има пониски концентрации, односно повисоки стапки на недостаток на витамин Д во однос на нордиските земји. На прв поглед неочекувано, но состојбата во Норвешка, Финска и Шведска е сосема спротивна, популацијата има во просек повисоко ниво на витамин Д и покрај помалата изложеност на сончеви зраци, како резултат на исхраната богата со намирници кои се природен извор на витамин Д и праксата за суплементацијата на храната, особено млекото и млечните продукти, со овој витамин.

Ваквата состојба сугерира дека треба да се прават редовни проверки на нивото на витамин Д, со што би се утврдила потребата од дополнително внесување со суплементи.

Ваквите заклучоци и фактот дека Македонија е една од земјите со многу сончеви денови но и недоволна пракса за суплементирање на храната со витамини, е причина повеќе за проверка на нивото на витамин Д во вашиот организам. Синлаб лабораториите се акредитирани лаборатории во кои се изведуваат голем број специфични анализи,  меѓу кои и анализа за одредување на нивото на витамин Д. Врз основа на резултатите од тестирањето, доколку постои дефицит на витамин Д, ќе може лесно да се коригира со суплементи и ќе се превенираат многу хронични нарушувања на здравјето.


Завршува изборната кампања, од полноќ почнува изборниот молк - МИА
Вести

Завршува изборната кампања, од полноќ почнува изборниот молк

Скопје, 12 јули 2020 () – По 20 дена во кои партиите и коалициите ја претставуваа својата понуда пред граѓаните, денеска завршува изборната кампања и од полноќ почнува изборниот молк пред одржувањето на предвремените парламентарни […]

Во трката за пратеници 1.578 кандидати на 15 коалиции и партии - МИА
Вести

Во трката за пратеници 1.578 кандидати на 15 коалиции и партии

Скопје, 12 јули 2020 () – Граѓаните на Северна Македонија на предвремените парламентарни избори ќе можат да гласаат за кандидатските листи на 15 коалиции и партии со вкупно 1.578 кандидати, од кои 903 се мажи, […]

Од утре почнува тридневното гласање на предвремените парламентарни избори - МИА
Вести

Од утре почнува тридневното гласање на предвремените парламентарни избори

Скопје, 12 јули 2020  () – На 3.390 избирачки места на десеттите предвремени парламентарни избори можат да гласаат 1.814.263 граѓани запишани во Избирачкиот список. Гласањето на овие парламентарни избори поради актуелната пандемија на КОВИД-19 првпат ќе […]