Витаминот Д и омега-3 помагаат кај старите лица против корона-зараза


– Редовното внесување на витамин Д и омега-3 киселини го зајакнува имунолошкиот систем кај постарите луѓе, до тој степен што може да им помогне да не се заразат со коронавирусот. Ова, според неодамнешно истражување на Универзитетот на Цирих, Швајцарија.

Овие додатоци може да се најдат, на пр., во рибиното масло. Научниот труд посочува дека земањето на такви намирници значително го намалува ризикот од зараза со коронавирусот, а доколку се појави болеста, човекот има многу поголеми шанси за закрепнување.

Проф. Хајке Бишоф-Ферари, кој ја водеше студијата, истакна оти земањето на овие додатоци е од големо значење за постарите луѓе.

– Нашето истражување покажува дека витаминот Д и омега-3 киселините кај лица со над 70 години, кои водат активен живот и немаат истовремено други болести, немаат „истрошени“ коски, помнење и моторни функции, се делотворни. Веруваме дека тоа има добро влијание при зарази, како што е Ковид-19, вели професорот.

Во испитувањата се вклучени 2.157 здрави мажи и жени постари од 70 години. Околу 11 насто од нив беа поотпорни на инфекции. 


Вести

Собранието ја избра Добрила Кацарска за судија на Уставниот суд

Собранието на Република Северна Македонија попладнево на продолжение  на 20. седница со 61 глас „за“ ја избра Добрила Кацарска за судија на Уставниот суд. Претресот за предлогот Кацарска да биде избрана за  судија на Уставениот […]

Вести

Црвенковски го замрзна членство во СДСМ, повика итно да се свика ЦО на партијата

Скопје, 26 ноември 2020 Јавно обраќање на поранешниот Претседател на РМ и основачот и долгогодишен Претседател на СДСМ Бранкo Црвенковски до раководството и членовите на СДСМ Почитувани сопартијци, Во изминативе 7 години се решив да […]

Вести

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 43 пациенти, вкупно се лекуваат 478

– Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализрани 43 нови пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 478 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*