Вакцинацијата против грип ќе почне наскоро, набавени 28 илјади вакцини


Вакцинацијата против грип ќе почне деновиве, што е оптимално време за вакцинација, бидејќи во земјава пикот на активноста на вирусот се очекува кон крајот на јануари и почетокот на февруари, информираат од Министерството за здравство.

По пат на јавна набавка, се посочува, Министерството набави 28.000 вакцини за грип, со кои бесплатно ќе се вакцинираат бремени жени во кој било период од бременоста, деца на возраст од шест месеци до пет години, лица на возраст над 65 години и лица со хронични болести.

Вакцинацијата ќе се закажува преку матичните лекари. Постапката за набавка на вакцините против грип се спроведува во рамки на утрврдените рокови според Законот за јавни набавки. Вакцината може да се прими во тек на целата сезона. Исто така, центрите за јавно здравје имаат набавено комерцијални вакцини против грип, кои се наменети за сите останати граѓани кои сакаат да се вакцинираат, стои во соопштението.


Вести

ОМД ја поздравува одлуката против Бугарија во спорот со македонското малцинство во ЕСЧП

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ги поздравува позитивните решенија на Европскиот Суд на Човекови права во Стразбур, поднесени против Бугарија поради кршењето на Член 11 (слобода на собирање и организирање) од Конвенцијата за заштита на човекови […]

Советот за безбедност утре ќе одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба - МИА
Вести

Советот за безбедност утре ќе одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба

Скопје, 29 мај 2020 () – Советот за безбедност утре на пладне ќе одржи седница во Кабинетот на претседателот „Вила Водно“, на која ќе се одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба. На седницата, покрај […]

Од 29 заболени со коронавирус во тетовскиот регион, 16 се од Тетово   - МИА
Вести

Нови 52 случаи на КОВИД -19, четворица починати и 30 оздравени

Скопје, 29 мај 2020 () – Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 52 нови лица позитивни на коронавирусот и 30 оздравени пациенти. Во овој период починале четири лица, две на […]