Студија: Дебелината го зголемува ризикот од лечење со коронавирусот


Над половина Французи се здебелиле за време на пандемијата - МИА

Лондон, 7 мај 2020 () – Дебелината го удвојува ризикот кај луѓето од лечење во болница од коронавирусот, утврдиле научниците од Универзитетот во Глазгов, засновани врз податоците собрани од 400.000 луѓе.

Тие откриле во студијата дека како што се зголемува индексот на телесна маса, се зголемува ризикот од сериозни заболувања со вирусот, пренесува британски „Сан“.

Пол Велс од Универзитетот во Глазгов рече дека пациентите со таков индекс порано завршувале во болницата и на респираторите и дека нивната состојба се влошува.

Пациентите со висок крвен притисок и побавно одење, исто така, се изложени на поголем ризик.

Се претпоставува дека причината е што дебелината може да предизвика проблеми со срцето, дијабетес, но и недостаток на кислород во организмот.

Пријавено е дека околу една третина од Британците се дебели и имаат индекс на телесна маса поголема од 30, поради што се проценува дека смртноста во Велика Британија кај оваа болест е најголема во Европа.

Тој додаде дека владата се обидувала да открие како полот, етничката припадност и дебелината влијаат врз јачината на вирусот, откако било утврдено дека Британците со од црната раса,  Азијците и малцинските групи почесто умираат отколку остатокот од населението.


Дваесет нови случаи со Ковид -19, вкупно 1.694, оздравени 24 пациенти, тројца починати - МИА
Вести

Активни 470 случаи на заболени со Ковид-19, најмногу во Скопје

Скопје, 29 мај 2020 () – Поминаа два дена откако целосно е укинат полицискиот час во земјава, по посебни протоколи отворени се кафулињата и рестораните и дел од вработените се вратија на нивните работни места. […]

Неизвесни датумот за избори и продолжувањето на вонредната состојба - МИА
Вести

Неизвесни датумот за избори и продолжувањето на вонредната состојба

Скопје, 29 мај 2020 () – Советот за безбедност в сабота на пладне во претседателската вила „Водно“ ќе одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба. Сабота е последниот ден кога истекува третата – двонеделната вонредна состојба […]

Набрзо нов пристап до инфективната клиника, ПЕТ центарот ставен во функција - МИА
Вести

Новите 24 случаи со Ковид-19 во Скопје се од општините Бутел, Сарај, Чаир, Аеродром, Студеничани, Гази Баба, Шуто Оризари, Кисела Вода и Карпош

Скопје, 28 мај 2020 () – Од вкупно дијагностицираните нови 38 случаи со Ковид-19, според денеска објавените податоци, 24 се од Скопје. Како што информираа за од Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за […]