Што е разликата помеѓу серолошки и PCR тест?


Серолошки тестови детектираат присуство на антитела т.е. одредени класи на имуниглобулини ИгГ, ИгМ и ИгА во крвта (серум) на пациентот, кои се јавуваат како одговор на присуство на вирусот SARS-CoV-2. ИгМ антитела се показатели на инфекција која е настаната неодамна. ИгА антитела се локални антитела кои во акутна фаза на инфекцијата се акумулираат на површина на грлото, носот, цревата и во секретите. ИгГ антитела се показатели дека некој бил во контакт или прележал инфекција со вирусот SARS-Cov-2. Повторна инфекција со SARS-CoV-2 не може да се исклучи иако во серумот на пациентот се најдени ИгГ антитела.

Постојат повеќе видови серолошки тестови. Тие се разликуваат и по одредување на концентрација на антитела т.е. квантитативни и квалитативни.Серолошки тест може да се направи во секое време, освен во фаза на акутна инфекција (кога е присутен еден или повеќе од следниве симптоми: покачена телесна температура, треска, кашлица, состојба слична на настинка или грип) и за кога, од лабораторијата Синлаб каде се прават сите овие анализи препорачуваат да се следат протоколите пропишани од Министерство за здравство и да се направи соодветен ПЦР тест од брис.

ПЦР тест е стандардна метода за таканаречено умножување и докажување на присуство на специфичен ген во случајов N-gen специфичен за SARS-CoV-2. Примерок за докажување на вирусот е брис земен од нос и грло на пациентот. ПЦР тест практично е 100% специфичен (не детектира друг вирус освен оној кој се тестира) и има висока клиничка сензитивност. Секако на добиениот резултат влијае и во која фаза од инфекција се земени брисевите. За разлика од серолошки тестови, со ПЦР може да се дијагностицира само моментално заболување со COVID-19 а не и инфекција која е настаната неодамна.

Сите тестови мора да ги изработува едуциран кадар за земање примероци и изработување на истите, како и толкување на добиениот резултат. За изработување серолошки тестови или ПЦР тест во ПЗУ Синлаб потребно е претходно закажување на телефон 02 3107107, секој работен ден од 8-16 часот.


Двајца починати и 152 новозаразени со Ковид-19
Вести

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

– Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3349 тестирања за Ковид-19, при што се регистрирани 1288 нови случаи на заразени со коронавирусот. Во изминатото деноноќие починале 39 лица, а оздравеле […]

Вести

Граматика на македонскиот јазик за дијаспората

Во издание на Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија, обајвена е Граматика  на македонски јазик  со практични вежби за дополнителна настава на македонски јазик во странство. Граматиката  е  изработена од три професорки кои предаваат […]

Вести

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, вкупно се лекуваат 486

– Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје хоспитализирани се 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 486 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*