САД го ограничуваат пушењето електронски цигари од страна на малолетници

Американската Администриција за храна и лекови (ФДА) предложи нови мерки за борба против зголеменото конзумирање цигари од страна на средношколците и младите во САД.

Врз основа на резултати од анкета за бројот на пушачи меѓу младите, националниот Центар за контрола и првенеција на заболувања и ФДА објавија дека минатата година бројот на средношколци од повисоките класови, на возраст од 15 до 17 години, кои пушат електронски цигари се зголемил за 78 отсто, додека истовремено, бројот на учениците пушачи на возраст од 12 до 14 години се зголемил за 48 отсто.

Според истражувањето, вкупно 3,6 милиони ученици во САД пушат електронски цигари, што е за 1,5 милиони ученици повеќе во споредба со претходната година.

Во него се заклучува дека користењето на овој вид цигари на тинејџерка возраст води кон големи шанси за премин кон пушењето обични цигари во следните години.

Според ФДА, 54 отсто од пушачите на возраст од 12 до 17 години пушат цигари со вкус на ментол, додека тоа го прават само 30 отсто од пушачите постари од 35 години.

Земајќи ја предвид оваа статистика, која рaководителот на ФДА Скот Готлиб ја нарече „шокантна“, Администрацијата има намера да ја забрза имплементацијата на мерки за ограничување на продажба на ароматизирани електронски цигари за малолетни лица, како во обичните продавници така и онлајн. Исто така, започнува и подготовки за целосна забрана на ментол и други ароматизатори во обичните цигари.

Покрај тоа, ФДА има намера да ги отстрани од продажба сите производи за пушење чија реклама ги прави привлечни за младите, на пример кога во нивните реклами се појавуваат ликови од популарните анимирани или детски филмови или популарни прехранбeни производи за деца како газирани пијалаци и бонбони.

Сите овие и други мерки за борба против зголеменото пушење кај младите во САД ќе се спроведуваат преку повеќестран План за превенција на пушењето.


Вести

Песков: Путин и Ким ќе се сретнат до крајот на месецот

Рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ќе се сретнат до крајот на месецот, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека не може да го каже точниот датум на средбата. […]

Вести

ТНТ: Сведочење на професорот Арсовски од Архитектонскиот факултет

Со сведочење на професорот на Архитектонскиот факултет во Скопје Владимир Арсовски, а со мало задоцнување, почна рочиштето за предметот „ТНТ“, за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. Професорот Арсовски одговара на прашања […]

Вести

Вториот ден на Велигден 29 април неработен за сите граѓани

Вториот ден на Велигден, според православниот календар, 29 април 2019 година, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика. Министерството во исто време, на граѓаните од православна […]