Рузмаринот може да ја зголеми способноста за помнење

Рузмаринот како традиционален лек се користи со векови за најразлични проблеми со здравјето, но најновите истражувања покажуваат дека помага и кај луѓе кои имаат проблеми со помнењето.

Испитувањата покажуваат дека рузмаринот содржи карнозична киселина која е ефикасен лек против токсичните елементи кои го зафаќаат мозокот. Ако секој ден по пет минути се мириса растението, може да ја зголемите способноста за помнење за дури 75 отсто. Во растението има природни состојки кои го содржат протеинот на човековиот мозок, што позитивно влијае на неговата работа, така што тој побрзо размислува и носи одлуки. Рузмаринот исто така ги обновува оштетените ДНК клетки.

Испитаниците требало да вдишуваат етерично масло од рузмарин. Резултатите покажуваат дека првата група составена од лица на возраст меѓу 60 и 75 години подобро се сеќаваат на некои работи, за разлика од групата која имала задача да не вдишува од рузмариновото масло. Тоа е од огромно значење за извршувањето секојдневни обврски.

Истражувањето покажало дека ова растение содржи и други хемиски споеви поволни за меморијата. Главна состојка во таа смисла, е цинеолот.


Вести

За победа во прв круг потребни 904.066 гласови, во вториот 723.253

Денеска се одржува првиот круг од претседателските избори. На изборите право на глас имаат 1.808.131 избирач, кои можат да изберат меѓу тројца кандидати Блерим Река, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски. Во првиот круг победник може да […]

Вести

Отворена телефонска линија кај Омбудсманот за пријавување повреди на избирачко право

Граѓаните денеска на денот на одржувањето на првиот круг од Претседателските избори 2019, и предвремените избори за градоначалник за општините Охрид, Дебар и Ново Село ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право […]

Вести

Граѓаните го избираат петтиот претседател, прв на Република Северна Македонија

Во Република Северна Македонија денеска се одржува првиот круг од шестите претседателски избори. Во претседателската трка се кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова и Блерим Река, кој е поддржан од […]