Пушачите се со двојно повисок ризик за потешки облици на Ковид-19


Пушачите се со двојно повисок ризик за потешки облици на Ковид-19 - МИА

Сан Франциско, 13 мај 2020 () – Пушачите и поранешните пушачи, вклучувајќи ги и корисниците на електронски цигари, имаат речиси двојно поголем ризик од развој на потешка форма на Ковид-19 од непушачите, покажало истражувањето на Универзитетот Калифорнија од Сан Франциско.

-Пушењето е поврзано со значително поголем ризик од унапредување на Ковид-19, изјави професорот по медицина Стантон Гланц, пренесува Си-Ен-Ен.

Истражувањата објавени во Кина, Јужна Кореја и САД покажуваат дека околу 30 отсто од пациентите кои биле пушачи развиле потешки форми на Ковид-19, споредено со 17,6 проценти од непушачите.

Авторите на истражувањето посочуваат дека пушењето и употребата на е-цигари го зголемуваат ризикот и сериозноста од инфекции на белите дробови заради оштетување на горниот респираторен тракт и намалената функција на белите дробови.

Тие ги повикаа здравствените работници на списокот на чекори потребни за справување со пандемијата да го стават и прекинот на пушењето и повикаа на ажурирано собирање податоци за пушачите и корисниците на е-цигари за да се види колку се изложени на ризик од заразување на коронавирусот.


Набрзо нов пристап до инфективната клиника, ПЕТ центарот ставен во функција - МИА
Вести

Новите 24 случаи со Ковид-19 во Скопје се од општините Бутел, Сарај, Чаир, Аеродром, Студеничани, Гази Баба, Шуто Оризари, Кисела Вода и Карпош

Скопје, 28 мај 2020 () – Од вкупно дијагностицираните нови 38 случаи со Ковид-19, според денеска објавените податоци, 24 се од Скопје. Како што информираа за од Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за […]

Регистрирани девет нови случаи со коронавирус во Прилеп и први два случаи во Крушево - МИА
Вести

Нови 38 случаи на Ковид -19, тројца починати

Скопје, 28 мај 2020 () – Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 38 нови лица позитивни на коронавирусот и 16 оздравени пациенти. Во овој период починале два лица, а кај […]

Чулев: Да бидеме мудри, сочувствителни, кооперативни истрајувајќи и победувајќи го премрежието со кое што човештвото се соочува - МИА
Вести

Чулев: АНБ се уште е дел од системот за следење на комуникации

Скопје, 28 мај 2020 () – Начинот на кој е формирана Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и неотстранувањето на посредничката улога на АНБ при следењето на комуникациите, говори дека реформите на безбедносниот систем се само […]