Придобивките од кивито за човековото здравје


Придобивките од кивито за човековото здравје - МИА

Велингтон, 26 јуни 2020 () – Кивито за првпат станало популарно на Нов Зеланд, а плодовите на ова овошје денес ги уживаат луѓето ширум целиот свет. Зад добриот вкус лежат многуте хранливи материи, како што се витамин Ц, К и Е, фолна киселина, калиум, растителни влакна и антиоксиданти.

Кивито може да се консумира цела година. Следат некои од здравствените придобивки од ова овошје…

Антиоксидансите, односно витаминот Ц го подобрува имунолошкиот систем и помага во спречување настинка и грип. Натаму, како што покажуваат и научните истражувања, консумирањето три киви на ден може да го намали крвниот притисок. Причината за ова е што ова овошје содржи лутеин, што исто така, е моќен антиоксиданс.

Кивито (како и повеќето овошја) содржи и многу растителни влакна, а тие пак, поволно влијаат на целокупниот систем на варење. Кивито го подобрува и видот.

За повеќето луѓе, кивито е безбедно за јадење, но кај оние кои се алергични на ова овошје, може да се појави отечен јазик, осип, тешко голтање, па и повраќање.  сд


Завршува изборната кампања, од полноќ почнува изборниот молк - МИА
Вести

Завршува изборната кампања, од полноќ почнува изборниот молк

Скопје, 12 јули 2020 () – По 20 дена во кои партиите и коалициите ја претставуваа својата понуда пред граѓаните, денеска завршува изборната кампања и од полноќ почнува изборниот молк пред одржувањето на предвремените парламентарни […]

Во трката за пратеници 1.578 кандидати на 15 коалиции и партии - МИА
Вести

Во трката за пратеници 1.578 кандидати на 15 коалиции и партии

Скопје, 12 јули 2020 () – Граѓаните на Северна Македонија на предвремените парламентарни избори ќе можат да гласаат за кандидатските листи на 15 коалиции и партии со вкупно 1.578 кандидати, од кои 903 се мажи, […]

Од утре почнува тридневното гласање на предвремените парламентарни избори - МИА
Вести

Од утре почнува тридневното гласање на предвремените парламентарни избори

Скопје, 12 јули 2020  () – На 3.390 избирачки места на десеттите предвремени парламентарни избори можат да гласаат 1.814.263 граѓани запишани во Избирачкиот список. Гласањето на овие парламентарни избори поради актуелната пандемија на КОВИД-19 првпат ќе […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*