Пет совети за поздрав дигестивен систем

Многумина својот режим на исхрана го дефинираат според саканата фигура и форма, други пак, си поставуваат ограничувања поради религиозни причини, а на трети воопшто не им е грижа како и со што сè се хранат.

Во сите три случаи треба да се прашаме себе си – дали начинот на исхрана и воопшто на живот не му штети на нашето здравје? По тој повод, стручни лица од Германија посочуваат како да ги заштитиме стомакот и цревата од болести.

1. Кажете им „не” на лошите навики!

Пушењето двојно го зголемува ризикот од киселините во желудникот, а алкохолот може да предизвика крварење во цревата. Една причина повеќе за откажување од овие навики.

2. Редовно вежбање

Истражувањата покажуваат дека редовните вежби ги намалуваат причинителите на воспаленија во нашето тело и ја стимулираат преработката на храната.

3. Помалку стрес

Ако сте постојано под стрес, тоа сигурно ќе влијае на работата на системот за варење. Односно, при хроничен стрес, се појавува растројства, како што се запек или дијареа. За потешки случаи, стручните лица препорачуваат вежби со длабоко вдишување и издишување, јога, медитација…

4. Пијте вода

Дехидратацијата е најчеста причина за проблеми со системот за варење. Се препорачува да се пие од половина литар до два литра вода дневно. Ако живеете во област каде што климата е потопла, вносот треба да е и поголем.

5. Повеќе влакна

Неколку истражувања покажуваат поврзаност меѓу консумација на храна со влакна и помалиот ризик од нарушувања во дигестивниот систем, како чирови, киселини и хемороиди. Тука се препорачува поголем внос на зрнести плодови, како и зеленчук и овошје.


Вести

За победа во прв круг потребни 904.066 гласови, во вториот 723.253

Денеска се одржува првиот круг од претседателските избори. На изборите право на глас имаат 1.808.131 избирач, кои можат да изберат меѓу тројца кандидати Блерим Река, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски. Во првиот круг победник може да […]

Вести

Отворена телефонска линија кај Омбудсманот за пријавување повреди на избирачко право

Граѓаните денеска на денот на одржувањето на првиот круг од Претседателските избори 2019, и предвремените избори за градоначалник за општините Охрид, Дебар и Ново Село ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право […]

Вести

Граѓаните го избираат петтиот претседател, прв на Република Северна Македонија

Во Република Северна Македонија денеска се одржува првиот круг од шестите претседателски избори. Во претседателската трка се кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова и Блерим Река, кој е поддржан од […]