Овошјето и зеленчукот е најдобро да се јадат свежи



Овошјето и зеленчукот е најдобро да се јадат свежи - МИА

Њујорк, 5 август 2020 () – Некои намирници e најдобро да се консумираат сирови, свежи, зашто при обработката и готвењето може да изгубат од својствата корисни за нашето здравје.

– Вареното цвекло губи 25 отсто од своите фолати (вид на  витаминот Б-9), како и многу други витамини и минерали, истакна болничарката од Њујорк, д-р Ребека Парк, која е авторка на книгата „Лекови за мене“ (Remedies for me).

Цвеклото обично содржи калциум, железо, протеини и калиум, како и високо ниво на растителни влакна и фолати. Според списанието „Фронтиерс енд нутришн“ (Frontiers and Nutrition) варениот кељ, исто така ги губи своите својства за заштита од неколку болести.

Црвената пиперка е одличен извор на витамин Ц. Но, топлината го уништува, па затоа стручните лица препорачуваат пиперката да се јаде свежа, ако целта е да се внесе огромна количина витамин Це. Во таа смисла, ајварот ни оддалеку не е така корисен како свежата пиперка.

Боровинките се полни со антиоксиданти наречени флавоноиди и полифенол.

Свежиот кромид има многу здравствени придобивки, но при пржењето се намалуваат фитохемикалиите кои, на пример, спречуваат рак. Покрај тоа, кромидот помага во спречување на кардиоваскуларни заболувања. Лукот пак, има антибактериско дејство и многу други придобивки, но само една минута во микробранова печка ја уништува неговата способност да се бори против ракот.


Вести

Седум града со над 100 активно заразенни со коронавирус

Во моментов во земјава како активни се водат 2.323 случаи на заразени со коронавирус. Од нив, во седум македонски градови има над 100 заразени. Најмногу активни случаи има во Скопје (684), по што следат Куманово […]

Бизнис и економија

Осумте банки заинтересирани за соработка со Пошта до крајот на месецот треба да достават понуди

– До крајот на месецот банките кои изразија интерес да го вршат платниот промет во единиците на Пошта треба да одговорат на писмото што го испрати Пошта до нив за условите што ги нудат, по […]

Субвенции од државата за плати досега побарале 12.380 компании - МИА
Вести

Четврти сет мерки – 470 милиони за поддршка на граѓаните и стопанството, според опозицијата Христијан Мицкоски, четвртиот пакет е задоцнет

– Преку нов пакет економски мерки вреден 470 милиони евра Владата ќе се обиде во третиот квартал од годинава да го спречи падот на БДП од вториот квартал и со зголемена економска активност и јавна […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*