Он-лајн конгрес на лекари организираше МЛД


Заврши досега најголемиот одржан он-лајн конгрес на лекари во земјава, што се одржа во организација на Македонското лекарско друштво, а во соработка со Медицинскиот факултет. На овој едукативен медицински настан имаше повеќе од 700 учесници и врвни предавачи од сите дејности во медицината од земјава и од странство.

Од Македонското лекарско друштво соопштија дека на конгресот биле презентирани исто толку трудови со актуелни теми за третман и лекување на одделни заболувања. Поради актуелната состојба на пандемија предизвикана од Ковид-19, голем дел од презентерите се осврнаа и со најнови сознанија, истражувања и третмани на пациентите во лекувањето од овој смртоносен вирус.

Во овие вонредни услови, 20. конгрес на лекари на Македонско лекарско друштво, кое на овој начин го одбележа и 75-годишниот јубилеј од постоењето, беше извонредна можност за стекнување нови знаења и размена на искуства. Виртуелната комуникација меѓу досега најголем број на пријавени лекари-учесници барем на кратко им го разведри секојдневието во кое тие ја водат најголемата битка за спасување на животите на болните од Ковид-19, стои во соопштението.


Двајца починати и 152 новозаразени со Ковид-19
Вести

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

– Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3349 тестирања за Ковид-19, при што се регистрирани 1288 нови случаи на заразени со коронавирусот. Во изминатото деноноќие починале 39 лица, а оздравеле […]

Вести

Граматика на македонскиот јазик за дијаспората

Во издание на Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија, обајвена е Граматика  на македонски јазик  со практични вежби за дополнителна настава на македонски јазик во странство. Граматиката  е  изработена од три професорки кои предаваат […]

Вести

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, вкупно се лекуваат 486

– Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје хоспитализирани се 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 486 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*