Оксфордски универзитет: Имунитетот на коронавирусот трае најмалку шест месеци


Научниците од Оксфорд дојдоа до ветувачки наоди за вакцината против коронавирусот - МИА
Научниците ќе продолжат да следат дали претходната инфекција влијае на сериозноста на болеста доколку се појави повторна инфекција. Малку е веројатно дека луѓето кои биле заразени со Ковид-19 може повторно да се инфицираат во рок од шест месеци од првата инфекција, покажуваат податоците на британско истражување спроведено врз здравствените работници.

Истражувањето е добра вест за повеќе од 51 милион луѓе кои биле заразени со вирусот од почетокот на пандемијата, објавија научниците од Универзитетот во Оксфорд, автори на студијата.

– Ова е навистина добра вест затоа што можеме да бидеме сигурни дека, барем на краток рок, повеќето од оние кои го прележале Ковид-19 нема да се заразат повторно, рече Дејвид Ер, професор од Оксфорд и еден од авторите на студијата.

Според него, инфекцијата со Ковид-19 ги ​​штити повеќето луѓе од повторна инфекција најмалку шест месеци.

– Не најдовме нова симптоматска зараза кај ниту еден од испитаниците кај кои беа пронајдени антитела, додаде тој.

Истражувањето траеше 30 недели, помеѓу април и ноември оваа година.


Вести

Продолжуваат контактите со Софија, Скопје со оптимизам гледа на можните решенија

– Македонската и бугарската влада се во постојан контакт и размена на идеи за изнаоѓање на можни решенија, кои ќе обезбедат европска иднина на земјава, со целосно почитување на нашиот национален идентитет. Од Скопје се […]

Вести

Можноста за онлајн изјаснување на пратениците на пленарна седницата

– И покрај различните ставови на владејачкото мнозинство и опозицијата, предлог дополнувањето на Деловникот за работа на Собранието, по скратена постапка, се најде на дневен ред на 22. седница кој треба да започне денеска. По […]

Двајца починати и 152 новозаразени со Ковид-19
Вести

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

– Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3349 тестирања за Ковид-19, при што се регистрирани 1288 нови случаи на заразени со коронавирусот. Во изминатото деноноќие починале 39 лица, а оздравеле […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*