МЗ: Досега 764 здравствени работници примиле вакцина против Ковид-19


Од почетокот на вакцинацијата против Ковид-19 во државава до денеска се вакцинирале 764 здравствени работници, информираа за МИА од Министерството за здравство.



Имунизацијата на здравствените работници со вакцината од производителот „Фајзер“ се одвива во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести во Скопје, каде се поставени шест вакцинални позиции и се работи во две смени од 8 часот наутро до 20 часот, од понеделник до сабота