Луѓето што чуваат кучиња се поздрави


Сопствениците на кучиња имаат поздраво срце од другите луѓе поради тоа што често се надвор и се поактивни.

– Луѓето што чуваат куче имаат и подобра исхрана и поретко заболуваат од дијабетис, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено во Универзитетската болница Света Ана.

Во истражувањето биле вклучени 2.000 возрасни лица, при што е оценувано нивното кардиоваскуларно здравје заснована на индексот на телесната маса, нивото на физичка активност, пушачкиот статус, крвниот притисок, шеќерот во крв и холестеролот. Тие се изјасниле и за финансискиот статус, историјата на болести и дали се пушачи.

Нивните резултати се рангирани со оценка од нула до 14 од сопственици на кучиња до тие што немаат милениче.

– Луѓето кои чуваат куче се физички поактивни, подобро се хранат и имаат нормален крвен притисок, како и шеќер и холестерол, изјави доктор Андреа Могери.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека 61,8 отсто од сопствениците на кучиња биле во границата на средни и пожелни вредности, а само 47,7 проценти од тие што немале куче. Дури 16,4 отсто од лицата кои не се сопственици на куче имале лоша исхрана, додека процентот кај сопствениците на кучиња е 9,4.

Но, истражувањето покажало дека сопствениците на кучиња почесто се пушачи.

Вести

Владата со осуда за инцидентот пред Конзулатот во Мелбурн

Владата денеска најостро го осуди инцидетот што изутрината се случил пред Конзулатот на Република Северна Македонија во Мелбурн. Група македонски иселеници изутрината се собрале пред македонскиот Конзулат во Мелбурн каде запалиле грчко и бугарско знаме […]

Вести

Со пораки за единство одбележан Денот на независноста, од утре нови обиди за носење на Законот за ЈО

Со пораки за единство, повторно обединување на сите како на денот кога во 1991 година беше прогласена независноста, но сега сплотени во стратешките цели и просперитетот на земјата, но и со критики од опозицијата поради […]

Вести

Јовески: Обвинителството има капацитет да ги преземе и да постапува по предметите од СЈО

Примопредавањето на предметите од СЈО во државното јавно обвинителство ќе се врши предмет по предмет, соопштува државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. За ТВ Сител вели дека не очекува процесот да трае долго и дека Обвинителството […]