Коензимот НАД плус – фактор во плодноста кај жената



ХЕРА: Владата да ги гарантира здравствените услуги на бремените жени - МИА

Сиднеј, 9 јули 2020 () – Зголемувањето на нивото на новооткриен коензим кај човечките клетки може да има корисно влијание врз плодноста на жените и да помогне во издвојување на најсоодветните јајце-клетки за ин-витро процедурите, објави електронското списание „Медијакс експрес“.

Стручњаци од Универзитетот во Квинсленд, во Австралија, спроведоа досега најопсежно истражување во оваа област. Според научните сознанија, во последните фази на созревање на човечката јајце-клетка, квалитетот зависи многу од клучниот метаболички коензим наречен никотинамид аденин динуклеотид (НАД плус).

Професорот Хајден Хомер од Центарот за клинички истражувања при Универзитетот објаснува дека НАД плус ги осигурува јајце-клетките да ја задржат својата клеточна структура, но неговите нивоа се намалуваат со возраста на жената.

– Сè повеќе жени се решаваат на ин-витро оплодување за да имаат деца. Околу четири отсто од сите деца родени во Австралија се зачнати со ин-витро, што значи, во просек – едно дете во секое одделение во училиштата во земјата, вели проф. Хомер. 


Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, досега во светот 33.951.767 лица биле заразени со новиот коронавирус. Како резултат на Ковид-19, починале 1.014.644 пациенти, а се опоравиле 25.217.358 лица. Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 1.798 нови […]

Вести

Објавени распореди на часовите за наставата на МРТ

Учениците кои немаат ИТ-уреди за да следат онлајн-настава преку платформата, часови ќе  гледаат на Македонската радио-телевизија на која секој ден ќе бидат прикажувани 15-минутни видеа за секој наставен час. Часовите ќе почнуваат во 8.30 часот […]

Вести

Регистрирани 194 новозаразени, починаа 2 лица

Во последните 24 часа се направени 1697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-77, Куманово-9, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-11, Тетово-16, Струга-3, Велес-5, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-1, Струмица-9, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-10, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*