Јавен повик до крводарителите и институциите


Тешки времиња за крводарителството и семејствата на пациентите налагаат адаптирање на активностите.

Ние, како здружение на крводарители, одлучивме да ја смениме одлуката за споделување/најава на крводарителските акции, не затоа што надлежните субјекти го заслужуваат тој пријателски гест од наша страна туку затоа што пациентите и нивните семејства не заслужуваат да бидат ставени во незавидна ситуација и да бидат приморани да бараат дарители на крв.

Нашиот став за трансфузија останува ист: направиле и продолжуваат да прават премалку за крводарителите.
Веќе 30 години статусот на крводарителите еродира поради небрежноста на тие кои треба да не чуваат како последна единица крв на дланка, ама денес нема да навлагаме во таа тема.

Нашиот став за партнерот за трансфузија, невладината за дисеминации на дезинформации, останува исто така непроменет, но тоа не е тема на денешната објава.

Во оваа објава ќе навлеземе во суштинска анализа на моменталната состојба во рамките на крводарителството, како и изнаоѓање на начин за да истата се подобри.

Ова е многу критичен период за целиот здравствен систем! Тоа ни е на сите јасно.
Да гребнеме под позлатата на актуелната состојба во крводарителството.

За да може крводарителот да ја покаже својата хуманост, денес треба да:
– да има доволна пауза после последното дарување. Во превод, ова значи дека се потребни 3/4 месеци пауза после дарување на полна крв, односно 3(преферирани, а 2 во итни случаи) недели пауза после дарување на тромбоцити/плазма);
– е здрав, во периодот кога е зачестена појавата на настинки и различни вируси. Свесни сте за фактот дека е мандаторна пауза за дарување крв од минимум 5-7 дена после примање на одредени лекарства;
– поминат најмалку 4 недели од вториот негативен тест за КОВИД-19/завршување на решението за изолација/патување вон границите на земјата, а самите периоди за изолација за позитивни се најмалку 3 недели, а за контакт со позитивен е 2 недели.

Сите претходно наведени параметри можат да предизвикаат кумулативна пауза од 4.5/5.5 месеци од последното дарување на крв. Да, ова го тврдам од лично искуство, бидејќи пред да изминат мандаторните 3 месеци пауза после последното дарување на крв бев во контакт со позитивен, по што следеше период на изолација и мандаторна пауза после завршување на периодот за изолација.

Дали е тоа неопходно, барем во овие рамки, во период кога поради се поголемиот број на заболени, а со тоа и контакти кои добиваат решенија за изолација? И да и не!

Парадоксот во рамките на ситуацијата е што состојбата дополнително се искомплицира со дополнително ограничување на можноста крводарителите да ја даруваат својата крв.
За што станува збор?
Станува збор за намалување на бројот на денови во кои одредени одделенија за трансфузиологија ја земаат крвта од крводарителите.

ДА, јас разбирам дека се добиени одредени насоки/препораки од ЕУ и дека се предложени оптимизирани начини за функционирање на системот, ама до кога ќе слугуваме на туѓи директиви?
Се поизвесно е одложување на одлуката за утврдување на рамката за преговори со ЕУ, ама ние упорно се држиве за погрешните директиви како слеп за стап.
Зошто погрешни?
Дали во моментов е поважно имплементирање на нешто, кое ќе имаме долг период за имплементација, или е подобро да ја зголемиме мобилноста и да им олесниме на крводарителите почесто и полесно да можат да даруваат крв?
Жално е што некои поединци не прават напори за полесно пребродување на овие критични времиња.

Додека сме кај олеснување на процесот за обезбедување на крвта, да се осврнеме на можностите за дарување на истата.

Уште пред 3 години, во ЈУ ИТМ, имав жолчни дискусии зошто користиме правилници и нормативи кои се постари од комунизмот. Ќе елаборирам после следните неколку слики.

https://www.redcrossblood.org/donate-blood/how-to-donate/eligibility-requirements.html
https://www.blutspendedienst.com/blutspende/spendeinfos/fragen-antworten
http://uddk.hr/darivanje-krvi
https://www.redcrossblood.org/donate-blood/how-to-donate/eligibility-requirements.html

Кај нас е уредено дека крводарител може да биде човек од своите 17 до навршување на својата 65-та година, како и со пауза од 3/4 месеци после последното дарување во зависност дали се работи за крводарител или крводарителка.

Од наведените примери се гледа дека во:
– Хрватска горната граница е поместена на 70 години, се разбира доколку крводарителот е со добра општа здравствена состојба;
– Во Германија дарувањето е со минимални 55 дена пауза од последното дарување, односно 6 пати годишно за крводарители а 4(значи на 3 месеци) пати годишно за крводарителки, и горната граница за дарување на крв е 73 години; и
– Во САД минималната пауза помеѓу две дарувања е 56 дена, не најдовме разграничување помеѓу крводарители и крводарителки и нема горна старосна граница за дарување на крв, односно може да се дарува крв се додека дарителот е со добра општа здравствена состојба.

Бонус информација е дека во САД тромбоцитоферези се прават со минимална пауза од 7 дена, а не повеќе од 24 дарувања годишно, а имаме информација(следната слика) дека во Австрија постојат центри во кои може да се прават плазмаферези до 2 пати неделно, ама најмногу до 3 пати во рамките на 14 дена.

https://www.europlasma.at/plasmaspenden/haeufige-fragen

Да се навратиме на почетокот на овој блог пост.

Ние како здружение ќе му подадеме рака на системот, ама не затоа што системот го заслужил тоа(токму спротивното!) туку затоа што ниту еден живот не смее да биде загрозен поради евентуален кусок на крв!

Уште еднаш ќе повикаме на разум и ќе побараме да се обезбедат маски кои ќе се делат на акциите, како и задолжително ПЦР тестирање на секоја единица крв.
Зошто?
Заради заштита на најважниот спореден медицински начин за спасување/продолжување на животите на нашите сограѓани, и заради детектирање на крводарители кои асимптоматски се избориле со вирусот и можеби имаат антитела со кои би им се помогнало на критичните случаи, кои го следат трендот на адаптирање на нови места во здравствениот систем и истиот речиси веднаш го исполнуваат.

Нашата рака е подадена!

Од денес повторно ќе ја обновиме праксата на најава на крводарителните акции, еден ден пред нивното одржување, а воедно по кој знае кој пат ги покануваме итм и цк за соработка која би била во интерес на крводарителите и пациентите кои имаат потреба од нас.

Со надеж дека конечно ќе профункционира системот онака како што е најдобро за сите,

Претседател на здружението на крводарители и поддржувачи на крводарителството КРВОДАРИТЕЛ Скопје

Дамир Смајловиќ.

КРВОДАРИТЕЛ


Двајца починати и 152 новозаразени со Ковид-19
Вести

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

– Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3349 тестирања за Ковид-19, при што се регистрирани 1288 нови случаи на заразени со коронавирусот. Во изминатото деноноќие починале 39 лица, а оздравеле […]

Вести

Граматика на македонскиот јазик за дијаспората

Во издание на Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија, обајвена е Граматика  на македонски јазик  со практични вежби за дополнителна настава на македонски јазик во странство. Граматиката  е  изработена од три професорки кои предаваат […]

Вести

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, вкупно се лекуваат 486

– Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје хоспитализирани се 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 486 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*