Истражување: Три четвртини од музичарите страдаат од одреден вид ментална болест

Истражувања покажаа дека 73 отсто од музичарите страдаат од некоја форма на ментална болест, додека само 19 проценти уживаат во условите што ги имаат во таа кариера.

Ова истражување го спроведе „Ред Јуникорн“, компанија за дигитална дистрибуција, интервјуирајќи речиси 1.500 музичари од 21 март до 2 април.

Таа куќа објави дека дури три четвртини од испитаниците чувствуваат стрес, анксиозност и / или депресија, додека ја работеле својата работа. Бројките се уште полоши кога станува збор за помладата популација на возраст помеѓу 18 и 25 години, бидејќи кај нив се појавуваат пореметувања што ги следат целиот живот и тоа кај 80 проценти од испитаниците.

-Нашето истражување вели дека нешто мора да се промени, вели Јохан Сванберг, извршен директор на компанијата.

Истражувањето укажува дека е голем процентот на музичари кои добиваат напади на паника, додека 57 отсто се многу загрижени за своето ментално здравје (дури 41 отсто велат дека постојано се грижат за тоа во текот на денот). Само 39 отсто од испитаните музичари велат дека се обиделе да побараат стручна помош, додека 51 отсто се обидуваат да го решат тој проблем на свој начин со примена на свои тактики.

Вести

Работните групи не постигнаа договор за законот за Јавно обвинителство 

Работните групи во врска со законот за Јавно обвинителство денеска одржаа куса средба на која не беше постигнат договор. Како што посочија министерката за правда Рената Дескоска и пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу нив […]

Вести

Јовановски излезе без исказ од ОЈО, но со решение за завршена истрага

Првоосомничениот во предметот „Рекет“ на ОЈО, Бојан Јовановски – Боки 13, денеска по еден час разговор во Обвинителството не даде исказ. Неговиот адвокат Сашо Дуковски смета дека Јовановски сакал да даде исказ но, според него, […]

Вести

Верушевски: Документацијата за прислушуваните разговори беше во СДСМ

Поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, кој денеска како сведок беше повикан за случајот „Таргет-Тврдина“ изјави дека првите информации за прислушуваните разговори ги добил кон крајот на 2010 година кога работел како одговорен за безбедносната политика во […]