Хималајските габи кријат делотворен лек за рак



– Молекула пронајдена во хималајската габа може да претставува огромен чекор напред во лекувањето на рак. Станува збор за нов вид хемотерапија, заснована на оваа „магичната хемикалија“ во развој.


 

Лекот, наречен „НУК-7738“, е развиен во Универзитетот Оксфорд, во соработка со британската фармацевтска компанија „Нукана“ и е важен бидејќи има способност да ги уништи клетките на ракот 40 пати поделотворно од претходните познати средства. Во споредба со постојните видови хемотерапија, овој лек му предизвикува и помала штета на телото.

„НУК-7738“ е во рана фаза на развојот, така што во мигов сѐ уште не е достапен како лек.

Активната состојка на лекот, наречена кордицепин е одговорна за делотворното својство на антиканцерогените, антиоксидантните и противвоспалителните дејства. Клиничките испитувања започнаа 2019 година, и досега ветуваат многу.