Французите идентификуваа нов вирус


Во Франција најмал број на починатите од Ковид-19 од средината на март - МИА

Париз, 29 јуни 2020 () – Француски научници открија нов вирус користејќи ја истата техника што се користеше за откривање на коронавирусот. Сепак, тие велат дека нема причина за загриженост дека новооткриениот вирус ќе предизвика здравствена криза слична на корона-кризата.

Вирусот е откриен во болница во околијата на Париз, кај 58-годишна жена која починала од енцефалитис. Наодот го добил името „Кристоли вирус“, според предградието на Париз.

Новиот вирус се распространува од комарци. Научниците сметаат дека е прерано да се влечат заклучоци околу тоа за што е одговорен тој вирус, оти починатата имала неколку основни болести. Тие истакнаа дека досега е познат само еден случај и дека доколку има повеќе во иднина, ќе биде можно да се добие појасна слика за вирусот.

Освен методот на откривање, новиот вирус има многу малку заедничко со коронавирусот. 


Завршува изборната кампања, од полноќ почнува изборниот молк - МИА
Вести

Завршува изборната кампања, од полноќ почнува изборниот молк

Скопје, 12 јули 2020 () – По 20 дена во кои партиите и коалициите ја претставуваа својата понуда пред граѓаните, денеска завршува изборната кампања и од полноќ почнува изборниот молк пред одржувањето на предвремените парламентарни […]

Во трката за пратеници 1.578 кандидати на 15 коалиции и партии - МИА
Вести

Во трката за пратеници 1.578 кандидати на 15 коалиции и партии

Скопје, 12 јули 2020 () – Граѓаните на Северна Македонија на предвремените парламентарни избори ќе можат да гласаат за кандидатските листи на 15 коалиции и партии со вкупно 1.578 кандидати, од кои 903 се мажи, […]

Од утре почнува тридневното гласање на предвремените парламентарни избори - МИА
Вести

Од утре почнува тридневното гласање на предвремените парламентарни избори

Скопје, 12 јули 2020  () – На 3.390 избирачки места на десеттите предвремени парламентарни избори можат да гласаат 1.814.263 граѓани запишани во Избирачкиот список. Гласањето на овие парламентарни избори поради актуелната пандемија на КОВИД-19 првпат ќе […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*