Демистифицирање на никотинот: Неетички е да се лишат луѓето од помалку штетни алтернативи


Пушењето цигари е докажано најштетната форма на консумирање на никотин и должност е на владите, индустријата и општеството да обезбедат пушачите да имаат пристап до помалку штетни алтернативи кои содржат никотин. Ова е став на здравствениот активист и застапник на пристапот за намалување на штетите од тутунот, д-р Кгоси Летлапе во неодамнешниот брифинг под наслов „Демистифицирање на никотинот“.



Неетички е да ги лишиме луѓето од алтернативи што се помалку штетни за нивното здравје и тутунот не е исклучок“, истакнува д-р Летлапе.

Тој тврди дека пристапот на Јужна Африка кон регулирање на помалку штетните производи од никотин треба да вклучува земање предвид на научните докази и најдобрите практики од други земји кои прават брз напредок во намалувањето на стапката на пушење и подобрување на здравствениот профил на нивните општества со вклучување на намалување на штети во нивниот пристап кон стратегиите за контрола на тутунот. Како пример ги наведува следните практики, каде што помалку штетните производи со никотин се регулираат поинаку од цигарите за да им овозможат на пушачите подобри алтернативи:

Шведска го замени пушењето цигари со употреба на тутун без чад (снус); има 40 години епидемиолошки докази кои покажуваат дека Швеѓаните имаат најмалку проблеми со болести кои се припишуваат на употребата на тутун. Клиниките за откажување од пушење во Велика Британија ги поддржуваат пушачите кои не можат да се откажат да прифатат помалку штетни производи со никотин, како што се електронски цигари – тоа е дел од стратегијата на владата. Во Јапонија, каде што владата е и производител на согорливи производи од тутун, се дозволи воведување на производи кои го загреваат тутунот што го забрза падот на стапката на пушење, според студијата за Американското здружение за рак. Администрацијата за храна и лекови на САД донесе одлука за класификација на производи кои го загреваат тутунот како производ со модифициран ризик со информација за намалена изложеност, утврдувајќи притоа дека оваа одлука е соодветна за унапредување на јавното здравје во Америка. Исто така, дозволи маркетинг на одредени брендови на снус со информации дека имаат помал ризик од неколку болести поврзани со пушењето “.