Децата родени наесен се почувствителни на алергии


– Децата родени наесен се почувствителни на алергии на храна и на болестите кои тие ги предизвикуваат, се посочува во ново истражување објавено во американскиот Журнал за алергии и имунологија.

Д-р Џесика Хуј од институтот Национално еврејско здравство, инаку водечка авторка на трудот, вели дека алергиите најчесто се прикажуваат во облик на сува кожа, но тоа може да премине и во друга форма.

– Го испитуваме секое дете што се лекува во нашата болница и дојдовме до заклучок дека родените наесен е многу поверојатно да го искусат она што се нарекува атописки марш. Сега се обидуваме да откриеме зошто е тоа така и цврсто веруваме дека тоа доаѓа само од бактериите на кожата, смета д-р Хуи.

Атопискиот марш ја означува промената на обликот на алергија, како што бебето расте. Во подоцнежните години, како реакции може да се јават чешање, црвенило на кожата, па дури и астма и грозница.

Докторите посочуваат дека спречување на атопискиот марш е можно со третирање, т.е. навлажнување на црвенилото на кожата на бебето со лосиони и водење сметка за храната која кај малечкото предизвикува алергии.

Кравјо млеко, јајца, пченица, глутен, соја, риба, школки, сусам и други семиња, како и кикирики и ореви е храната што најчесто предизвикува алергии. Стручните лица велат дека сѐ ова не мора и не е препорачливо целосно да се исклучат овие намирници од исхраната, но да не се консумираат секојдневно, туку, на пр., секои три дена.


141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје
Вести

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени и 9 починати лица. Најмногу активни случаи на заразени има во Скопје (3.320), Струмица (394) […]

Вести

Интензивирање на комуникацијата за надминување на недоразбирањата со Софија

– Интезивирана комуникација со Софија деновиве за изнаоѓање решение за спорот со Бугарија, по испраќањето на бугарскиот појаснувачки меморандум до земјите-членки на Европската Унија, во кој се оспоруваат македонскиот јазик и македонската нација. Премиерот Зоран […]

Вести

Од следната недела најавени нови термини за тестирање, вчера регистрирани 518 заболени од Ковид-19

– Петстотини и осумнаесет нови случаи на заболени од Ковид-19 беа регистрирани вчера во земјава. Раст на новозаболените изминатиот период е забележан во целиот регион, но и во Европа. За првпат на континентот завчера беа евидентирани […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*