Д-р Митов: Камења во жолчката – последица на нагло слабеење!

Се наближуваат топлите денови и наскоро ќе започне сезонското „пред-одморско” слабеење.

Некои и ќе пропагираат „брзо и безбедно слабеење”, а таа комбинација, биолошки,  не е можна!

Наглото слабеење носи сериозни здравствени ризици, а денес се фокусираме само на еден од нив: камења во жолчката.

Кога ќе настапи процес на нагло слабеење (или заради нездрав режим, или заради прашоци за слабеење) доаѓа до нагло ослободување на масни киселини од адипоцитите (масните клетки). Дополнително, пролонгираните периоди на нејадење го намалуваат лачењето на жолчни киселини.

Заради сето тоа доаѓа до презаситување на жолчната течност со холестерол и создавање камења во жолчката. Понекогаш, процесот е изненадувачки брз и камењата се формираат за само неколку месеци.

Ние, во Центарот за лајфстајл медицина на Д-р Митов, веруваме дека слабеењето треба да е здраво, постепено и одржливо. Тоа може да се случи само ако слабеењето е последица на промена на навиките и на начинот на живот, а не на привремени режими. Секој привремен режим дава привремени резултати и на долг рок е осуден на неуспех.

Само промената на животниот стил води кон подобро и одржливо здравје. Секој може!

Д-р  Митов


Бизнис

Протест на технолошкиот вишок на „Еурокомпозит“- По две години ништо не е решено

Работниците прогласени за технолошки вишок кои се уште чекаат да им бидат исплатени отпремнините од прилепската компанија „Еурокомпозит“ денеска се собра на протест во центарот на Прилеп. Тие бараат одоговор за состојбите во фирмата и […]

Бизнис

Лани без објавување оглас склучени 596 договори во вредност од 33 милиони евра

Големи тендери, намалена конкуренција, склучени договори без објавување оглас, раст на бројот на поништени тендери, се дел од клучните наоди на мониторингот на јавните набавки спроведени во периодот јули-декември 2018 година. Во извештајот на Центарот […]

Вести

Комплетиран кабинетот на претседателот Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски, го комплетираше составот на својот кабинет. Генерален секретар ќе биде Миле Бошњаковски, кој досега ја извршуваше функцијата портпарол на Владата, додека шеф на протокол ќе биде Билјана Мицевска. Одговорна за односи со […]