Циметот помага против состојба на преддијабет


Циметот помага против состојба на преддијабет - МИА

Лос Анџелес, 23 јули 2020 () – Циметот ја подобрува контролата на шеќерот во крвта кај лица во преддијабетна состојба и може да го забави неговиот развој кон дијабетес, велат новите научни сознанија објавени во американскиот „Журнал“ за ендокринологија.

Група научници од САД, Германија и Јужна Кореја спроведоа клинички испитувања за влијанието на циметот врз контролата на шеќерот во крвта кај луѓе со состојба на преддијабет. На вкупно 51 доброволец му биле дадени 500 милиграми цимет или плацебо-капсули. Тоа траело 12 недели.

Притоа, утврдено е дека додавањето на цимет го намалува нивото на гликоза во крвта и ја подобрува реакцијата на организмот на храна која содржи јаглени хидрати, т.е. намалени се факторите на преддијабет. Учесниците добро го поднесувале циметот и никаде немало алергиска реакција.

Препораките говорат да се додава цимет во исхраната заради одржување стабилно ниво на шеќер. Резултатите сепак, изискуваат повеќе испитувања за да се види дали циметот со текот на времето може да го намали развојот на самиот дијабетес.

Истражувачите проценуваат дека околу 90 милиони луѓе во Соединетите Американски Држави имаат преддијабет, што се јавува кога нивото на шеќер во крвта е постојано над нормалното. Оваа состојба доведува до развој на дијабетес, чии последици можат да создадат многу здравствени проблеми – дебелина, неплодност, болести на зглобовите и коските и хормонален рак.

Особено е важно за лицата со преддијабет да го контролираат шеќерот во крвта, а лекарите и нутриционистите постојано бараат производи што го одржуваат нормалното ниво на шеќер во крвта. Се нагласува дека ова е најважната стратегија за избегнување лекови за спречување дијабетес.  си/

 


Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент - МИА
Вести

Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент

Скопје, 11 август 2020 () – Министерството за здравство денеска регистрира 141 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.885 тестирања, како и 161 оздравени и еден починат пациент. Во последните 24 часа, како што соопшти […]

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*