Американските аптеки повлекуваат производи од „Џонсон и Џонсон“


– Американските аптеки и малопродажниот гигант „Волмарт“ почнаа да повлекуваат одредени производи за сончање од брендот „Џонсон и Џонсон“, откако во некои примероци беше идентификуван канцероген бензен.


 

„Секојдневната изложеност на бензенот во овие производи за сончање со аеросол на нивоата откриени во нашите истражувања не би требало да предизвика негативни влијанија врз здравјето“, се наведува во соопштение на компанијата.

Производителот на фармацевтски производи и средства за широка потрошувачка, сепак, повлече пет аеросолни креми „Неутрогена“ и „Авино“ и ги советуваше потрошувачите да престанат да ги користат затоа што на испитувања на американската Управа за храна и лекови, се открило поголемо ниво бензен од препорачаното. Повлечените производи се: „Neutrogena Beach Defense“, „Neutrogena Cool Dry Sport“, „Neutrogena Invisible Daily Defense“, „Neutrogena Ultra Sheer“ и „Aveeno Protect + Refresh“.

Истражувањето на Управата од 2020 година открива дека некои состојки од овие производи навлегуваат во крвотокот и треба да бидат дополнително испитани за да се утврди дали се безбедни за здравјето. „Џонсон и Џонсон“ веќе се соочува со низа судски спорови за своите производи.