Проблеми со срцето?


Кога пред неколку децении Д-р Орниш и Д-р Еселстин тврдеа дека „запушени” крвни садови може да се „отпушат” само преку промени во исхраната и физичката активност (лајфстајл медицина) – малку кој им поверувал.



Денес, и двајцата уживаат светска слава. И двајцата имаат илјадници пациенти кај кои го постигнале токму тој ефект (подобрена циркулација и проток на крв во срцевите садови) и тоа само преку промени во начинот на живот.

Сега веќе е и официјална препорака: кај пациенти со покачен крвен притисок, пред да им се дадат лекови, треба да се направат промени во исхраната и начинот на живот.

Програмата за срцевите заболувања на Д-р Митов е дизајнирана според научните основи поставени од Д-р Орниш и Д-р Еселстин.

Без разлика дали пациентот веќе има прележано срцев удар, без разлика дали има стент или добил препорака за стент, без разлика дали бил опериран или се спрема за операција –најпаметната инвестиција во своето здравје е да ги искористи придобивките на лајфстајл медицината.

Во голема мера, истото важи и за пациенти со мозочен удар.

Причината за тоа е бидејќи лајфстајл медицината ги лекува ПРИЧИНИТЕ, а не последиците од срцевите и мозочните удари!

Текстот е напишан од нашиот драг пријател Д-р Александар Митов