Засилени контролите за палење на стрништа, изречени 34 казни од кои пет барања за прекршочна постапка


Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) информираше дека за време на викендот ги зачести контролите на терен, осбено во оние региони каде што има потенцијална опасност од плаење на стрништата на земјоделско земјиште.

Како што соопштија од Генералниот секретаријат на Владата, од ДИЗ ги информирале дека соработката со општините, како и со полициските единици на Министерството за внатрешни работи е добра, особено во Кочани каде оваа појава е најзачестена, со цел запирање на трендот на загадувањето на воздухот, палење на стрништата, палење на шумите и друга вегетација, а контролите на терен да се вршат самоницијативно или тимски со преставници на МВР, Територијална противпожарна единица и Државниот инспекторат за земјоделство секаде онаму каде има земјоделски површини и постои опасност од палење стрништа и друга вегетација.

– Од досегашните спроведени контроли, што се повеќе од 200, изготвени се записници и 34 казни од кои пет барања за прекршична постапка за сторен прекршок спротивно на член 46 став 2, а казниво по член 61 став 3 од Законот за земјоделското земјиште, а констатирана е опожарена површина од околу 250 хектари, стои во соопштението од Генералниот секретаријат.

Оттаму велат дека ДИЗ ќе продолжат со интензивините контроли на терен, со цел континуирана и посветена борба против аерозагадувањето кое се случува преку палење стрништа и земјоделски површини.

– Засилените контроли се резултат на иницијативата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев за зајакнување на инспекцискиот надзор со вклучување на припадници на полицијата, се наведува во соопштението.


Комисијата за заразни болести треба да одлучува за олабавување на мерките и отворање на економијата - МИА
Вести

Нови 125 случаи позитивни на КОВИД 19 во изминатите 24 часа

Скопје, 6 јуни 2020 () – Нови 125 случаи на новозаболени од КОВИД -19 регистрира Министерството за здравство во изминатите 24 часа. Најголем број повторно се во Скопје -46 по што следуваат Куманово со 19, […]

Втор ден карантин за Скопје, Куманово, Штип и Тетово - МИА
Вести

Втор ден карантин за Скопје, Куманово, Штип и Тетово

Скопје, 6 јуни 2020 () – За граѓаните на сите општини во градот Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, во Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино […]

Во шест градови во земјава нема повеќе активни случаи на Ковид-19 - МИА
Вести

Активни 1.009 случаи на заболени од Ковид-19, 90 отсто од новозаболените се од 15 фамилии

Скопје, 6 јуни 2020 () – Во земјава вчера беа потврдени 180 нови случаи на позитивни од Ковид-19, што е најголем број од почетокот на епидемијата досега, но министерот за здравство Венко Филипче информираше дека […]