Заради промена на судечкиот совет „Монструм“ се враќа од почеток, но само формално


– Заради промена на судечкиот совет, судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година „Монструм“ се враќа од почеток, но само формално со пренесување на сите досегашни изјави и изведени докази во новиот записник, со што расправата продолжи од каде што претходно застана.

Од Основниот кривичен суд во Скопје, информираат дека заради промена на судечкиот совет, односно поднесена остава на еден судија – поротник, а во брзо време и истек на мандат на друг судија – поротник, со назначување нови како и дополнителни – резервни поротници, главната расправа формално почна одново, а продолжи со изведување нови докази.

– Имено, заради ефикасност на постапката, начелото за судење во разумен рок и пред се Уставно загрантираните права и обврски на обвинетите и оштетните во постапката, одбраната се согласи наместо повторно изведување на доказите, судењето да почне формално од почеток само со пренесување на сите досегашни изјави и изведени докази во новиот записник, со што расправата продолжи онаму каде и претходно застана, а тоа е со изведување на нови докази и сослушување нови сведоци, информираат од Основен кривичен суд Скопје.

На овој начин судот, во согласност со одбараната, а постапувајќи според Законските одредби не дозволи дополнително одолговлекување на постапката, што е од интерес пред се на обвинетите и оштетените во предметот.

Случајот „Монструм“ го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.


Вести

Пратениците ги донесоа измените и дополнувањата на Законот за Собранието

– Уште подобро етаблирање на Парламентот како вистински претставник на граѓаните и како независен носител на законодавната власт преку унапредување на неговите служби, ќе овозможат измените и дополнувањата на Законот за Собранието на Република Северна […]

Вести

Судот ја повика докторката да ја образложи здравствената состојба на Тони Трајковски

– Судот ја повика на следното рочиште за „ТНТ“ докторката која на обвинетиот Тони Трајковски му издала медицинска документација за јавно да ја образложи здравствената состојба на обвинетиот и причините за неговата спреченост да присуствува […]

Вести

Премиерот на Русија, Медведев поднесе оставка (ДПЛ)

Дмитриј Медведев денеска поднесе оставка од функцијата премиер на Русија, јави руската државна агенција ТАСС.   Тој одлуката ја донел по разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, кој предложи нова функција во Советот за безбедност […]