Загадувањето во Скопје над дозволеното, вечерните и ноќните часови најкритични


– Ноќните часови за жителите на Скопје се ризични за излегување надвор поради загадениот воздух кој го регистрираат мерните станици на Министерството за животна средина. Но, над дозволеното се и среднодневните концетрации на ПМ 10 честичките на мерните станици во Центар, Гази Баба, Карпош и Лисиче.



Мерењата во последните пет-шест дена покажуваат високи концентрации на ПМ 10 честичките на метар кубен во вечерните и ноќните часови, преку ден концентрациите според мерењата се пониски, но во одредени делови и периоди ги надминуваат дозволените 50 микрограми.

Така мерната станица Лисиче регистрирала загадување на 23, 24, 26 и 27 октомври. На 23-ти високи концентрации се забележуват од 19 часот до 3 часот по полноќ, на 24 исто така вечерта од 18 до 04 часот по полноќ, на 26 од 19 часот до 01 часот по  полноќ и на 27, односно во изминатото деноноќие загаден бил воздухот од 18 часот до 01 часот по полноќ.

Од достапните мерења на веб страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање во Гази Баба исто така е забежано во ноќните часови загдување на 23, 24 и 27 октомври и тоа исто со почеток од 19 часот пд до 02 по полноќ.

Во Карпош дозволените концентрации се надминати еднаш во траење од четири часа и во Карпош од 19 до 02 часот.

Среднодневните концентрации се надминати и во Кичево, Тетово, Гостивар, Велес, Кавадарци и Куманово.


Вести

Состојбата со Ковид-19 под контрола, здравствениот систем се подготовува за вакцинација

Бројот на заболени од Ковид-19 минатата недела е намален за 9,9 отсто, а се зголеми бројот на оздравените. Надлежните сметаат дека состојбата е под контрола, а здравствениот систем веќе почна со подготовките за вакцинација против […]

Вести

Гоце Делчев, средновековниот и раноосманлискиот период – теми на онлајн средбата на македонските и бугарските историчари

Содржината во македонските учебници по историја за средновековниот период и раноосманлискиот период ќе биде тема на 11. средба на македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања, која ќе се одржи денеска и утре. На […]

Вархеји: Осумстотини милиони евра помош за Западен Балкан и Турција од ЕУ - МИА
Вести

Вархеји: Се помалку е извесно дека Скопје и Тирана годинава ќе ги почнат преговорите со ЕУ

– Се помалку е извесно дека до крајот на годинава ќе бидат усвоени преговарачките рамки и ќе почнат преговорите со Северна Макеоднија и со Албанија за членство во ЕУ, изјави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*