Заев: Историјата да им служи на животот и иднината, а не на поделбите и омразите

Создавањето на нашата држава беше остварување на вековниот стремеж на граѓаните во Македонија за своја држава, а Институтот за национална историја – прва научна установа која имаше цел да ја истражува, проучува и да ја пишува нејзината историја. Силна е таа симболика и врска на Институтот со македонската државност, истакна премиерот Зоран Заев  во обраќањето вчеравечер на свечената академија во МАНУ по повод 70 години од основањето на Институтот за национална историја (ИНИ).

ИНИ е и чувар на колективната меморија, рече Заев, која им дава на луѓето чувство на припадност., а историскиот континуитет остварен во средиштето на Балканот, како крстопат на цивилизациите, на народот на овие простори му го дава и паметењето на сите епохи кои оставиле траги на оваа територија.

Според премиерот Заев, инсистирањето на етничките, на верските и на јазичните разлики и непочитувањето на сличностите произлезени од одредени периоди од историјата, доведува до стереотипно сфаќање за посебноста на историјата на секој од народите поодделно. Затоа, според него, треба да остане отворена можноста историјата да се согледува не од статична, застарена позиција, која застапува само една и единствена историска вистина, туку да им овозможи дијалог на различните погледи со световите со кои се споделувало заедничкото минато.

– Секоја земја и секоја генерација треба да го знае и да биде свесна за сопственото минато, но тоа не треба да се прави со промовирање митови или со користење политички мотивирани толкувања на историјата за напад на другиот, или на противниците. Свежи се лекциите и искуствата од современата историја што не подучуваат дека треба да се воздржиме од злоупотреба на историјата за политичко профитирање. Единствениот начин да се справиме со употребата на минатото во политички цели е да се соочиме со тоа, да разговараме за тоа, да ги објасниме и разбиеме митовите ако тие се пречка за иднината, подвлече премиерот Заев во обраќањето.

Тој  ја поддржа подготвеноста на Институтот да организира важен меѓународен научен симпозиум, што е извонредна можност да се соочат историографските дилеми, како и да се побара одговор на научните предизвици во денешниот динамичен развој  на регионот и на севкупната цивилизација.

– Современата историографија треба да биде во чекор со времето, со научната вистинољубивост, но и со етичките хуманистички стандарди. Сите историографски книги, тргнувајќи од еден чесен и принципиелен однос кон проучувањето на минатото, треба да имаат пристап кон историјата за таа да им служи на животот и на иднината, а не на поделбите и омразите, истакна претседателот на Владата, посакувајќи им на присутните научници понатамошна плодна долгогодишна успешна работа во областа на историската наука.

Вести

Најмалку 71 загинат и над 1.000 исчезнати во пожарот во Калифорнија

Најмалку 71 лице загинаа, а над 1.000 луѓе се водат како исчезнати во катастрофалниот пожар што беснее во северниот дел на американската сојузна држава Калифорнија, соопштија синоќа локалните власти. Како што јави ДПА, шерифот на […]

Бизнис

Годинава помалку договорени градежни работи во странство

Вкупната вредност на договорените работи на македонската градежна оператива во странство во периодот јануари-септември годинава изнесува 1.207.941.000 денари што е за 40.3 отсто помалку во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за […]

Бизнис

Анѓушев: Проектираниот раст од 3,2 отсто за 2019. со сигурност ќе се реализира

Проектираниот економски раст од 3,2 процента следната година со сигурност ќе се реализира, откочени се крупните инфраструктурни проекти во патната и железничката инфраструктура, а покрај нив сериозни активности се очекуваат и со интензивирање на гасификацијата […]

Бизнис

Промоција на директна авионска линија Охрид – Виена

На охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ денеска попладне ќе слета првиот авион на компанијата „Визер“ на новата редовна авионска линија од и кон Виена. Покрај сезонските, тоа ќе биде третиот директен редовен авионски лет што […]

Балкан

Мицотакис: Договорот од Преспа не го решава, туку го интензивира проблемот

Договорот од Преспа не го решава проблемот, туку го интензивира, не го архивира, туку го одржува, рече Кирјакос Мицотакис, претседателот на најголемата грчка опозициска партија Нова демократија во обраќањето на крајот од третиот „Thessaloniki summit“, […]

Вести

Град Скопје: Почнува присилна наплата за неплатена фирмарина

Град Скопје соопшти дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Законот за даноците на имот, почнува постапка за присилна наплата на неплатените обврски по основ на неплатена комунална такса за фирма (фирмарина) за […]

Вести

Трамп постхумно го одликува Елвис Присли со претседателски „Медал на слободата“

Гласот на Елвис Присли одекна синоќа во Белата куќа, кога за време на церемонија на врачување на „Медалот на слободата“ беше пуштена неговата песната „How Great Thou Art“. На церемонијата, Трамп им го врачи „Медалот […]

Интересно

Јапонец се венчал со виртуелна личност за 15.000 евра

Јапонец се оженил за виртуелна личност и тоа го чинело 15.000 евра. Негова „избраничка“ е холограмска верзија на Хацуне Мико, популарната тинејџерска ѕвезда во Јапонија. Акихико Кондо (35) организирал и прослава по повод „бракот“ со […]

Интересно

Нов проект на авторот на „Игра на тронови“

Додека обожавателите на „Игра на тронови“ ја чекаат осмата, последна сезона во април догодина, се појавија информации и за нејзино претпродолжение, но и за сосем нова серија со авторскиот потпис на Џорџ Р.Р. Мартин. Се работи […]

Први оставете коментар

Вашиот коментар пишете го во празното поле:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*