Во Кривичен пресуда за „27 април“

Во Кривичниот суд во Скопје денеска ќе биде објавена пресудата за 17-те преостанати, од првично 33 обвинети за насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, познат во јавноста како „27 април“.

Случајот го води судијката Добрила Кацарска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Судскиот процес почна во август минатата година и е еден од најголемите во поновата македонска историја. На почетокот процесот почна против 33 обвинети, кои беа извршители на упадот во парламентот и на нападите врз пратениците на актуелната власт. Но, по донесувањето на Законот за амнестија помилувани беа 15 лица.

На обвинителна клупа останаа Митко Чавков, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Митко Пешов, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Оливер Радулов, Игор Дурловски, Јане Ченто, Игор Југ, Александар Василевски-Нинџа, Никола Митревски-Кољо, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски, кои се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок.

Чавков на денешното рочиште ќе биде спроведен од затворот „Скопје“, каде се наоѓа поради одредената мерка притвор поради страв од бегство.

Основното јавно обвинителство на 12 овој месец, по добиени сознанија и поради страв дека поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков ќе се даде во бегство и ќе се крие со цел да ја избегне кривичната одговорност, побара од Основниот суд Скопје 1 – Скопје да му биде определена мерка притвор.

На извршителите во овој процес јавното обвинителство им придодаде и петмина организатори на настаните од 27 април:  Никола Груевски, Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Никола Бошковски, кои се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.


Бизнис

Протест на технолошкиот вишок на „Еурокомпозит“- По две години ништо не е решено

Работниците прогласени за технолошки вишок кои се уште чекаат да им бидат исплатени отпремнините од прилепската компанија „Еурокомпозит“ денеска се собра на протест во центарот на Прилеп. Тие бараат одоговор за состојбите во фирмата и […]

Бизнис

Лани без објавување оглас склучени 596 договори во вредност од 33 милиони евра

Големи тендери, намалена конкуренција, склучени договори без објавување оглас, раст на бројот на поништени тендери, се дел од клучните наоди на мониторингот на јавните набавки спроведени во периодот јули-декември 2018 година. Во извештајот на Центарот […]

Вести

Комплетиран кабинетот на претседателот Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски, го комплетираше составот на својот кабинет. Генерален секретар ќе биде Миле Бошњаковски, кој досега ја извршуваше функцијата портпарол на Владата, додека шеф на протокол ќе биде Билјана Мицевска. Одговорна за односи со […]