Во Бразил протест против расизмот, откако двајца белци убија црнец


Граѓаните на Бразил излегоа на протест откако двајца белци, членови на обезбедувањето на една продавница, убија црнец во четвртокот, пренесува Би Би Си.

Снимките од инцидентот ги преплавија социјалните мрежи.

На нив се гледа како 40-годишниот Жоао Алберт Силвеиру Фреитас добива удари по лицето пред продавницата Карфур во Порто Алегре. Според бразилските медиуми, конфликтот се случил откако Фреитас се скарал со продавач кој тогаш го повикал обезбедувањето.

Демонстрантите вчера влегоа во продавницата Карфур во Бразилија, извикувајќи „Црните животи се важни“ и повикаа на бојкот на тој трговски синџир.

Во Сао Паоло демонстрантите искршија прозорец на Карфур, фрлија стока од полиците и запалија оган.

 

Компанијата Карфур соопшти дека жали поради бруталната смрт на Фреитас и ветија дека ќе го раскинат договорот со обезбедувањето и ќе го отпуштат управителот на продавницата кој бил на должност.

Двајцата мажи кои наводно го претепале Фреитас до смрт се уапсени и се под истрага за убиство. Еден од двајцата уапсени е воен полицаец кој не бил на должност за време на инцидентот.

Бразил има долга историја на ропство и е последната земја во Америка што го укина во 1888 година. Во Бразил денес, 57 проценти се црнци и мешано население, а тие се жртви на убиства во 74 проценти од случаите. Кога станува збор за убиства извршени од полицијата, тие сочинуваат 79 проценти од жртвите.


Вести

Продолжуваат контактите со Софија, Скопје со оптимизам гледа на можните решенија

– Македонската и бугарската влада се во постојан контакт и размена на идеи за изнаоѓање на можни решенија, кои ќе обезбедат европска иднина на земјава, со целосно почитување на нашиот национален идентитет. Од Скопје се […]

Вести

Можноста за онлајн изјаснување на пратениците на пленарна седницата

– И покрај различните ставови на владејачкото мнозинство и опозицијата, предлог дополнувањето на Деловникот за работа на Собранието, по скратена постапка, се најде на дневен ред на 22. седница кој треба да започне денеска. По […]

Двајца починати и 152 новозаразени со Ковид-19
Вести

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

– Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3349 тестирања за Ковид-19, при што се регистрирани 1288 нови случаи на заразени со коронавирусот. Во изминатото деноноќие починале 39 лица, а оздравеле […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*