Видео колумна на Ларис Гајсер: Зошто Брисел молчи за случајот “Рекет” ?


Италијанскиот новинар со словенечко потекло Ларис Гајсер, кој за пошироката македонска јавност стана познат со објавувањето на снимените разговори за случајот „Рекет“, денеска на интернет изданието на весникот „Ла Верита“ објави видео колумна во која прашува зошто Брисел молчи за случајот во земјава со објавените снимки од разговорите меѓу Бојан Јовановски (Боки 13) и Јордан „Орце“ Камчев, нагласувајќи дека се чуди како нема реакција од Могерини и актуелниот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, кои според него, „силно инсистирале за специјалната обвинителка“.

Македонците се горди луѓе целосно обесхрабрени од корупцијата кои страдаат уште повеќе кога гледаат дека оваа состојба ја поддржува Европската Унија.

Изразувајќи убеденост дека „се уште е возможно да се има вистинска демократија базирана на информирано јавно мислење и контрола на политичарите“, Гајсер прашува „како Федерика Могерини може да молчи пред криминалната реалност“.

И додека Дорис Пак вчера бараше ЕУ да реагира, јавноста се прашува како Могерини  може да молчи пред криминалната реалност откриена со три видео снимки на сајтот на вистината, пишува весникот.

 

 

Вести

Армијата на Република Северна Македонија го одбележува 27-от роденден

– Во Армискиот центар за обука на вода во Охрид, денеска, ќе се одржи централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата на Република Северна Македонија. На свечената церемонија на 27-от роденден на […]

Балкан

Шпански туристи тероризирани од сопственик на ресторан кај Химара (ВИДЕО)

Албанската телевизија „Репорт“ објави екслузивно видео снимено од шпански турсти, кога сопственик на угостителски објект во Порто Палермо, кај Химара, се качил на хаубата на нивното комбе во движење и се обидел да се пресмета […]

Вести

Пациентот со западнонилска треска на Инфективната клиника и натаму во тешка состојба

Шеесет и шестгодишниот пациент заразен со западнонилска треска, кој е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје се уште е во тешка здравствена состојба со манифестација на централниот нервен систем, изјави за МИА директорката […]