Вечерва предизборна ТВ дебата на лидерите на грчките политички партии

politicki-partii
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Економија; надворешна политика и одбрана; институции и транспарентност; здравство и образование; животна средина и енергија и нови генерации, се темите за кои лидерите на грчките политички партии, вечерва ќе ги претстават своите позиции во пресрет на изборите на 21 мај во ТВ дебатата на државната телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина.

На десет дена пред изборите, претседателите на шесте партии ќе одговараат на прашањата на шест новинари од приватните телевизии, а ТВ дебата во Грција се одржува по пауза од осум години.


Од ЕРТ соопштија дека дебатата ќе ја покријат со 26 камери вон и во телевизијата, планирано е да функционира и прес центар, а веќе се акредитирани голем број новинари, странски дописници и фотографи.

Во ТВ дебатата ќе учествуваат актуелниот премиер и лидер на Нова демократија Кирјакос Мицотакис, претседателот на СИРИЗА Алексис Ципрас, првиот човек на ПАСОК- Движење на промена Никос Андрулакис, генералните секретари на Комунистичката партија и МЕРА 25 Димитрис Куцубас и Јанис Варуфакис и лидерот на Грчко решение Кирјакос Велопулос.

Прашањата на новинарите ќе бидат во траење од 30 секунди, за одговорот се предвидени една и пол минута, може да следи потпрашање од 15 секунди и одговор од 45 секунди.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK