Вакцинирани над 1 000 деца за пропуштени рутински вакцини со тек на кампањата на МЗ и СЗО „Од врата до врата“

vakcina
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Над илјада деца се вакцинирани за пропуштени рутински вакцини во рамки на заедничката кампања на Министерството за здравство (МЗ) и Светската здравствена организација (СЗО) „Од врата до врата“, соопшти денеска МЗ.

Вкупно се посетени 3.373 семејства, заедници и собиралишта на лица во повеќе од 200 урбани и рурални средини. Во рамки на кампањата, одржани се едукативни разговори и предавања и поделени се над 6.000 материјали за рутинска и вакцинација против Ковид-19.


Кампањата почна на 24 април 2023 година и се спроведуваше вкупно четири недели, како дел од европската недела на имунизација 2023 година, со финансиска поддршка од ЕУ.

Во теренските посети, како што информира ресорното Министерство, биле вклучени 30 медицински тимови, со цел презентирање на бенефитите од имунизација, како и администрирање вакцини против Ковид-19 и рутинска вакцинација.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK