Украдени 65.000 евра од куќа во Велес! Крадецот бил од најблиската фамилија…


На 30.05.2018 година С.М. (68) од Велес пријавил дека во периодот од 18.05.2018 до 30.05.2018 година во неговата куќа на ул.„Јордан Џурнов“ во Велес непознат сторител извршил тешка кражба. Сторителот преку незаклучената влезна врата влегол на приземјето од куќата и со подесен алат го отворил катанчето од вграден ѕиден плакар од каде одзел акт-чанта со две шифрирани брави во која имало 65.000 евра и разновидна  документација, по што заминал во непознат правец. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес. Истиот ден во 21.00 часот во СВР Велес бил извршен разговор со 17-годишна малолетничка од Велес, внука на пријавителот, во присуство на нејзиниот татко и социјален работник.



Во 21.30 часот полициски службеници во хотелска соба изнајмена од малолетничката била пронајдена и одземена чантата, која била оштетена и во која имало разни документи и поголема количина евра.

За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.


Вести

Пензионерите бараат приоритет за вакцинирање против КОВИД-19

– Сојузот на здруженија на пензионери упатуваат апел приоритет при вакцинирањето против КОВИД-19 да имаат пензионерите, како најранлива категорија лица со хронични болести и намален имунитет. -Во име на над 300 000 возрасни луѓе во нашата […]

Вести

Земјите од ЕУ на здравствена заштита во просек трошат 9,9 проценти од БДП, ние 4,5

– На здравствена заштита и социјални бенефити Северна Македонија во 2019 година потрошила вкупно 507 милиони евра односно 4,5 проценти од БДП или по 244 евра по глава на жител, што е под просекот од […]

Вести

Регистрирани 1342 нови случаи на Ковид-19, оздравени 679 пациенти, починаа 22 лица

Од направени 3399 тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 1342 нови случаи на Ковид-19, додека во исто време починаа 22 лица, а Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*