Указот и „Договорот од Преспа ” во четврток на дневен ред во Уставниот суд

USTAVEN SUD
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Уставниот суд информира дека предметот во кој е оспорен Указот и во јавноста познат „Договорот од Преспа” ќе се дискутира на седницата закажана за 21 септември (четврток) во 9:30 часот. Овој предмет е формиран од следните иницијативи:

 


Реферати У.бр.8/2019, У.бр.16/2019, У.бр.26/2019, У.бр.40/2019 и У.бр.47/2019

 

Оспорени:

– Указот за прогласувањe на Законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817(1993) и 845(1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, бр.08-3866/1 од 05.07.2018 година („Службен весник на Република Македонија” бр.7/2019) и

 

-Законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817(1993) и 848(1993) на Советот за безбедност на Обединети Нации, за престанување на важноста на Примената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните („Службен весник на Република Македонија” бр.7/2019).

Подносители на инцијативите:  Тодор Петров, претседател на Светски Македонски Конгрес, Ивица Ефремов и Ангеловски Стив од Битола, Солза Грчева,Томе Тодоровски.

Од наводите во иницијативите:

Со одредени наводи во иницијативите се тврди дека Указот за прогласување на Законот за ратификација на Конечната спогодба не е потпишан од претседателот на Република Македонија, што го прави тој акт спротивен со членот 51 од Уставот.  Се тврди дека оспорените акти го нарушуваат владеењето на правото.  Наведено е во дел од иницијативите дека претседателот на Собранието на Република Македонија немал надлежност да утврдува одговорност дека претседателот на Републиката  го кршел  Уставот со непотпишување и во дадената ситуација, претседателот на државата не бил спречен да ја врши функцијата, за да биде заменет од страна на претседателот на Собранието, односно да го потпише Указот, со што се наведува дека е повреден и членот 82 од Уставот. Бидејќи претседателот на Републиката не го потпишал Указот, се наведува дека оспорениот закон не важи и не може да произведува правно дејство, односно објавување на Законот без потпис на претседателот на Република Македонија е грубо кршење на Уставот. Во дел од иницијативите подносителите тврдат дека Спогодбата е ништовна бидејќи била во спротивност со меѓународното право на самоопределување на народите, правото на секој народ да избере свое име, идентитет, свои национални обележја, симболи и др и во спротивност со Виенската конвенција за договорно право.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK