„Тврдина 2“: Црни вреќи со хартија и регистри од третата зграда во МВР запалени на „Брест“

Црни вреќи полни со хартија и регистри од третата зграда во МВР биле запалени на локацијата „Брест“ која се наоѓа на аеродромот Скопје во воениот дел. Ова денеска на рочиштето за „Тврдина 2“ на СЈО го истакна сведокот Мирче Мицевски, вработен во МВР, кој по наредба на неговиот претпоставен Никола Бошковски, со уште еден колега наполнил цело комбе рено трафик со материјали од подрумот на оперативна техника во МВР.

-Во базата Брест не пречека Ванчо Цветановски кој веќе имаше обезбедено место за палење, оградено со камења, а имаше и ПП апарати, рече Мицевски и додаде дека со нив биле и три жени од „Комисијата“ Александра, Маја и Вале. На прашање на бранителот на Грујоски, адвокатот Петар Василевски, сведокот рече дека не знае што е содржината на тоа што е запалено, но дека е сигурен дека биле хартија и регистри.

Во „Тврдина 2“ првообвинет е екс-началникот на Петтата управа, Горан Грујовски, како и шест вработени во УБК.

На обвинетите во случајот „Тврдина 2“ им се суди за фалсификување службена исправа и за уништување службена документација поврзани со незаконското прислушување. Документацијата е поврзана со двата система од нелегалното прислушување, кои соред СЈО, биле уништени во текот на 2014 година.


Вести

За победа во прв круг потребни 904.066 гласови, во вториот 723.253

Денеска се одржува првиот круг од претседателските избори. На изборите право на глас имаат 1.808.131 избирач, кои можат да изберат меѓу тројца кандидати Блерим Река, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски. Во првиот круг победник може да […]

Вести

Отворена телефонска линија кај Омбудсманот за пријавување повреди на избирачко право

Граѓаните денеска на денот на одржувањето на првиот круг од Претседателските избори 2019, и предвремените избори за градоначалник за општините Охрид, Дебар и Ново Село ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право […]

Вести

Граѓаните го избираат петтиот претседател, прв на Република Северна Македонија

Во Република Северна Македонија денеска се одржува првиот круг од шестите претседателски избори. Во претседателската трка се кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова и Блерим Река, кој е поддржан од […]