Тридневен штрајк на вработените во „Амазон“ во Германија


Штрајк на вработени во „Амазон“ во Германија - МИА

Околу 2.500 работници на „Амазон“ во Германија почнаа тридневен штрајк денеска, временски закажан за да ја нарушат продажбата за време на „црниот петок“.



Штрајкот, повикан од моќниот синдикат Верди, треба да трае до сабота и претставува последна ескалација во долгогодишната битка со Амазон за подобри плати и услови за работа.

„Проценуваме дека околу 2.500 луѓе штрајкуваат денеска, што е поголема бројка отколку во слични акции во минатото и со оглед на тешките околности предизвикани од пандемијата, тоа е голем успех“, изјави портпаролот на Верди.

За да се ограничи ризикот од инфекции со Ковид-19, синдикатот соопшти дека не организира митинзи за време на штрајкот. Во изјавата на „Амазон“ се вели дека прошетките не влијаат на испораката на клиентите бидејќи „мнозинството вработени работат како нормално“.

Со штрајк се оппфатени објектите за дистрибуција на Амазон во Лајпциг, Бад Херсфелд, Аугсбург, Рајнберг, Верн и Кобленц.