Три и пол години затвор за Владимир Панчевски



ОС Велес му одреди 30 дена притвор на Владмир Панчевски - МИА

Велес, 4 август 2020 И) – Поранешниот претседател на Кривичен суд Скопје, Владимир Панечвски, обвинет за злоупотреба на системот АКМИС, вечерва од страна на Велешкиот суд беше прогласен за виновен и осуден на три години и шест месеци затвор. Судијката Валентина Георгиевска, пресудата ја донесе вечерва по завршување на рочиштето кое траше повеќе од десет часа. На обвинетиот Панчевски, во казната ќе му се пресметува и времето поминато во притвор.

Решението целосно со образложение ќе му биде доставено во затворот во Идризово.

Воедно соопшти дека притворот на Панчевски му се укинува со донесување на оваа пресуда.

Обвинетиот Владимир Панчевски во завршниот збор кажа дека јавниот обвинител не бил запознат со целата материја со која го води предметот, бидејќи имало грешка на АКМИС, а јавниот обвинител не го видел тоа. Воедно тој во својот завршен збор истакна дека ова обвинение е политички опструирано и лицемерно, бидејќи се поведува една година по завршување на неговиот мандат во Основниот суд Скопје 1, односно тие го обвинувале дека само тој повредувал права, а не и судиите кои суделе.

Обвинетиот Панчевски, според обвинението поднесено од ОЈО Скопје, се товараше дека во периодот од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година, со негов параф и усно давал наредби на службеници што имале пристап во АКМИС-от рачно да се распределуваат конкретни предмети меѓу судиите надвор од времето на приемот на предметот во судот и кажувал на кој судија да се распредели предметот, со што целосно се  изигрувал системот кој требало автоматски да ги распределува предметите. ад/оџ/

 


Вести

Прв академски час на факултетите

– За новата генерација студенти, факултетите денеска традиционално ќе одржат прв академски час, кој поради пандемијата ќе се организира на отворено или онлајн. Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски новите бруцоши ќе […]

Вести

Почнува учебната година за учениците и студентите

– Одложено за учениците и редовно за студентите почнува учебната 2020/2021 година која е со многу неизвесности поради непредвидливост со заразата од КОВИД-19. Училишната година денеска треба да ја почнат 270 000 средношколци и основци, […]

Вести

Неизвесно потврдувањето на одлуките за вонредна состојба во Собранието

– Останува неизвесно дали Собранието ќе ги потврди петте одлуки за прогласување на вонредна состојба што ги донесе претседателот на државата Стево Пендаровски поради пандемијата со КОВИД-19, откако вчера Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*