Се зголемува бројот на жртви во тешката сообраќајна несреќа, која се случи на автопатот Штип-Миладиновци на околу половина километар на патарината кај село Кадрифаково. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека од страна на Клиничка болница-Штип добиле пријава дека на тешките телесни повреди подлегнала и 37 годишна жена.
МИА претходно информираше во судир меѓу две возила на лице место загинаа 15 годишно девојче и 62 годишна жена. Бројката на жртви во сообраќајната несреќа е три, а во моментов во штипската Клиничка болница се хоспитализирани четворица повредени лица.
Сообраќајот на оваа делница од Штип до клучката кај Кадрифаково е во прекин и сообраќајот се одвива по стариот регионален пат.