СЗО: Вакцина за новиот коронавирус за 18 месеци



Коронавирусот, од кој досега животот го загубија повеќе од 1.000 луѓе во Кина, сега има официјално име, COVID-19, наместо досегашното  привремено 2019-nCoV. Именувањето го потврди денеска генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Адханом Гебрејесус.

– Требаше да најдеме име што не се однесува на географска локација, животно, индивидуа или група на луѓе и што, исто така, е експлицитно поврзано со болеста, изјави Гебрејесус.

Според него, целта е да се спречи употребата на други имиња кои можат да бидат неточни.

– Ни дава стандарден формат за употреба за која било идна епидемија на коронавирус, објасни извршниот директор.Тој најави дека првата вакцина против коронавирус ќе биде готова за 18 месеци.

– Првата вакцина за COVID-19 може да биде готова за 18 месеци, така што ќе мора да користиме сè што е на располагање денес за борба против овој вирус, истакна тој. Гебрејесус објасни дека коронавирусот полесно се пренесува од човек-на-човек, но не е толку тежок како САРС-от. Генералниот директор го повика светот да ги здружи силите против коронавирусот за да избегне уште повеќе случаи и далеку поголеми загуби.

Досега има 42.708 потврдени случаи на заразени со COVID-19 во Кина и 1.017 жртви. Вон таа држава има 393 заразени во 24 држави и еден починат од тој вирус.


Научниците се уште не се согласни дали е можна инфекција со Ковид-19 од воздух - МИА
Вести

Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 33.385.696 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.003.405 пациенти, а оздравеле 24.688.610 луѓе. – Во изминатите 24 часа во Косово се забележани три […]

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк” - МИА
Вести

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк”

Скопје, 28 септември 2020 () – Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, е упатена во КПУ – Идризово, за издржување на казната затвор од четири години како осудена во предметот „Тенк”, потврдуват за од […]

Вести

Адвокатите бараат ослободителна пресуда за Јанакиески за „Насилство во Центар“

– Адвокатите на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески денеска во завршни зборови за предметот „Насилство во Центар“ побараа тој да биде ослободен од обвинение. Адвокат Димитар Дангов побара Обвинителството да го повлече […]