Судскиот совет го разреши Јово Вангеловски


Судскиот совет на денешната седница го разреши претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски од функцијата.


 

Одлуката за разрешување од позицијата во највисокиот суд и судија во Врховниот суд е поради нестручно и несовесно постапување.

Точката за разрешување на Вангеловски Судскиот ја разгледа зад затворени врати.

Освен Вангеловски разрешени се уште двајца други судии.

На одлуката на Судскиот совет, разрешените судии заедно со Вангеловски имаат право да поднесат жалба до Врховниот суд.а