Судот го прифати обвинението за „Рекет“


Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот кривичен суд Скопје денеска го прифати обвинението за случајот „ Рекет“, отфрлајќи ги приговорите на Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.

-Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот кривичен суд Скопје кој постапува по оценка на обвинителниот акт на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција КО.бр.84/19, постапувајќи по
приговорите на обвинителниот акт поднесени од  Б.Ј., К.Ј. и З.М., на не јавна седница одржана на 08.11.2019 година, без присуство на странките во постапката донесе решени со кое: Приговорите на осомничените се одбиваат како неосновани, а обвинителниот акт се одобрува во целост, соопшти денеска Основниот кривичен суд Скопје.

Против ова решение, како што е наведено во соопштението, согласно одредбите до ЗКП, не се дозволува право на жалба.

-Отткако по одобрениот обвинителен акт ќе биде оформен кривичен предмет истиот согласно АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно постапување, а штом ќе биде закажан термин за одржување на јавна главна расправа, странките и јавноста ќе бидат известени, стои во соопштението од Судот. 

Балкан

„Macedonia the GReat“ колективна трговска ознака за производите од грчката област Македонија

Слоганот „Macedonia the GReat“, со потенцирани букви ГР како кратенка за Грција и буквата „М“ како ознака, испишани со бело на сина позадина, се новите колективни трговски ознаки за грчките производи од грчката област Македонија, […]

Вести

Две лица во Кина заразени со пневмонична чума

Две лица кои живеат во близина на кинеската граница со Монголија се заразени со пневмонична чума, само шест месеци откако две лица почина во истиот регион од чума. Двајцата пациенти од автономниот регион на Внатрешна […]

Вести

Италија подготвена да прогласи вонредна состојба во Венеција

Италија е подготвена да прогласи вонредна состојба во Венеција откако висината на брановите во тој град достигнаа 1,87 метри, поплавувајќи ја историската базилика и прекинувајќи го снабдувањето со електрична енергија за домаќинствата. Повеќе од 80 […]