Судири во Хонг Конг, полицаец повреден со стрела (ФОТО)


Хонг Конг, 17 ноември 2019 – Полициски службеник во Хонг Конг денеска бил погоден од стрела кога полицијата употребила солзавец и водени топови во обид да ги растера демонстрантите кои го окупираат кампусот на универзитетот.

Фотографиите, објавени на Фејсбук страната на полицијата, покажуваат дека стрела погодила полицаец во долниот дел од ногата, по што тој е префрлен во болница.

Демонстрантите одбија да се повлечат, иако камиони со водени топови, во обид да се приближат до демонстрантите, ги преминуваа циглите што тие ги поставија.

Демонстрантите започнаа да се повлекуваат во Политехничкиот универзитет дури кога се смрачи, стравувајќи дека ќе се најдат во замка бидејќи полицијата употреби солзавец и им пристапи на спротивната страна.

Политехничкиот универзитет во Хонг Конг е еден од бројните универзитетски кампуси, кои во последната недела се користени како места за собирање на демонстрантите.

Демонстрантите од покривот на универзитетот ја гаѓаа полицијата со стрели и молотови коктели.


Собранието се конституира во вторник, по Илинден и разговорите за влада - МИА
Вести

Конститутивна седница на Собранието утре, партиски разговори за формирање влада

Скопје, 3 август 2020 () – Конститутивната седница на новиот парламентарен состав ќе се одржи утре напладне под посебни протоколи поради коронавирусот во салата под Големата купола наместо во салата „Македонија“. Седницата ќе се одвива […]

Реафирмирани вредностите на двата Илиндена, одбележувањето без масовни собири - МИА
Вести

Реафирмирани вредностите на двата Илиндена, одбележувањето без масовни собири

Скопје, 3 август 2020 () – Одбележувањето на големиот државен празник 2 Август – Денот на Републиката, Илинден годинава помина во услови на здравствени протоколи поради заштита од ширење на пандемијата од Ковид-19 и без […]

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита - МИА
Вести

Бројот на новозаболени од Ковид-19 и натаму трицифрен, во Скопје 1.372 активни случаи

Скопје, 3 август 2020 () – Нови 166 случаи со Ковид-19 од 1.419 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починаа четири пациенти од Скопје, Кичево, Штип и […]