Судењето за насилствата пред Општина Центар продолжува на 18 ноември


Судењето за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година продолжува на 18 ноември откако денеска постапката почна одново поради истек на 90 дена од одржување на последното рочиште.

За следното рочиште повикан е како сведок технички советник на одбраната.

Случајот го води судијата Душко Јосифовски, а застапник на обвинението е Фатиме Фетаи.

Поради економичност на постапката, на денешното рочиште, беа сослушани двајцата веќе повиканите сведоци, предложени од одбраната.

Првиот сведок, која во 2013 до 2017 била советник во Советот на Општина Центар, рече дека на седницата во 2013 година биле четири одлуки за измена на ДУП-от.

– Гласањето на дневниот ред, со оглед дека спорните точки не беа тргнати, се изгласа. По два три часа расправа седницата беше прекината и закажана за четири пет дена. На следната седница додека се расправаше по легитимноста на точката, надвор имаше многу луѓе и врева. Со оглед дека надвор имаше народ што гласно реагираше на постапката за стопирање на градбата на црквата Св. Константин и Елена, внатре не можевме да следиме што се случува. Искрено не знам зошто Претседателот на Советот не ја прекина Седницата, изјави сведокот.

Седницата, посочи таа, не беше прекината и во меѓувреме се случи реакцијата на луѓето надвор, со кршење на прозорци.

– Седницата траеше повеќе од 20 часа и не знам како претседателот на Советот не покажа сенс и не ја прекина со оглед дека немаше услови за работа, истакна сведокот.

Посочи дека не видела никакви политички одбележја кај толпата луѓе пред општината.

Вториот сведок, предложен од Борче Богдановски, рече дека Богдановски го познава од дете и дека тој е голем христијански верник и донатор на Црквата.

– Кога дојде повик од црквата да присуствуваме на протест за црквата Св. Константин и Елена. Поради работни обврски јас бев само еднаш на протест заедно со Богдановски. Имаше многу луѓе со верски одбележја. Таму беше и Митрополит Агатангел кој имаше и обраќање и повика да се продолжи протестот и пред Општина Центар, изјави сведокот.

Посочи дека Богдановски цело време протестирал мирно и се движел заедно со толпата.

Судот врз основа на член 347 од ЗКП ги отфрли и нема да бидат сослушани повеќе предложени сведоци, меѓу кои и Митрополит Агатангел.

Во „Насилство во Општина Центар” обвинети се повеќе лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранечната советничка од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и осум други лица.


Уште шест дена претставување на изборните понуди на партиите пред граѓаните - МИА
Вести

Уште шест дена претставување на изборните понуди на партиите пред граѓаните

Скопје, 7 јули 2020 () – Остануваат уште шест дена политичките партии и коалициите кои ќе учествуваат на предвремените парламентарни избори на 15 јули да ги претстават своите изборни програми пред граѓаните. Кампањата завршува на […]

Носењето заштитна опрема на носот и устата е задолжително, забрането е групирање на повеќе од две лица - МИА
Вести

Зголемен бројот на заразени и во соседството, можни се нови мерки на границите

Скопје, 7 јули 2020 () – Вкупно 78 случаи на Ковид-19 беа регистрирани во текот на вчерашниот ден. Иако бројката е значително помала во однос на претходните недели, сепак надлежните предупредуваат дека есенските денови се […]

Вести

ДСКС ќе одлучува за неколку приговори доставени од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата

Скопје, 7 јули 2020 () – Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи 32. седница на која ќе разгледа неколку приговори поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. Комисијата, како што е најавено, ќе разгледа […]