Ниска вегетација, трња и грмушки гореле вчера од 16:35 до 19:30 часот кај село Отовица, кое е лоцирано во близина над велешкото езеро „Младост“. Велешките пожарникари и полицијаци по три часа тешка борба со огнената стихија успеале да го изгаснат огнот за да не се прошири кон боровата шума на автопатот Велес – Скопје.
Портпаролот на СВР Велес Ристе Самарџиев денеска за МИА изјави дека на помош на 13-те велешки пожарникари, кои гаснеле со четири противпожарни возила им се придружила и полициска екипа од СВР Велес, која исто така активно се вклучила во гаснење на пожарот.