Собранието на 11 февруари ќе го ратификува протоколот за НАТО, на 12-ти ќе се распушти


– Претседателот на Собранието Талат Џафери планира на 11 февруари да закаже седница со единствена точка на дневен ред – ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Следниот ден, на 12 февруари, би требало да се одржи последната седница на која ќе биде распуштен сегашниот пратенички состав, и распишани предвремените парламентарни избори на 12 април.

Од кабинетот на Џафери за МИА информираат дека до 11 февруари се очекува протоколот да биде ратификуван во Шпанија, последната од 29-земји членки кои досега го немаат направено тоа. Ако дотогаш не заврши процедурата во Шпанија, ратификацијата во македонското Собрание би била донесена со одложено дејство.

На 12 февруари, пак, ќе се одржи седницата за распуштање на Собранието. Џафери очекува седницата да заврши истиот ден имајќи предвид дека сите партии се согласни за одржување избори на 12 април.


Вести

За непочитување на полицискиот час, 24 скопјани ги очекува 48 илјади евра казна

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози пред Основниот кривичен суд Скопје, против вкупно 24 лица кои не го почитувале полицискиот час, информираат од скопското Обвинителство. – Обвинетите, во различни кривично-правни […]

Бизнис

Баравме системски мерки за сите засегнати, а не делумна помош во криза

31, Март, 2020, Скопје – Сојузот на стопански комори се оградува од мерките објавени во вториот сет од страна на Владата, со појаснување дека од наша страна се бараа системски мерки за сите засегнати микро, […]

Вести

Владата со втор пакет мерки за граѓаните и фирмите за увлажување на последиците од Ковид-19

Финансиска поддршка за претпријатијата од приватниот сектор за исплата на плати за своите вработени во висина од 14.500 денари за месеците април и мај, кратење на платите за сите избрани и именувани функционери на ниво […]